Тој упати уште една порака до политичарите од регионот, дека мора да го научат значењето на зборот консензус и тој да стане норма и на Балканот.„Во овој регион консензусот сè уште се третира како лош збор. Претставува слабост и сите велат: јас морам да победам – што значи дека некој друг мора да изгуби. Затоа мојата втора порака за политичарите е: имајте на ум и верувајте дека сите можат да излезат како победници. Ова е тестирано, докажано е на секојдневна основа и би било одлично ако стане норма и на Балканот“,истакна специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан.
На „Преспа форумот за дијалог“ кој денеска и утре се одржува во Струга учествуваат домашни и меѓународни високи политички претставници, дипломати, истакнати личности од академската и деловната заедница, граѓанското општество и претставници на младински организации.Дел од нив денеска говореа на повеќе панел сесии на кои ги споделија нивните анализи, мисли и идеи за повеќе регионални и меѓународни теми.