Политичката партија Левица бара од владејачкото мнозинство да го прифати нивниот предлог за намалување на цените на патарините.
„Македонските граѓани се жртви на државно спонзориран грабеж преку екстремно скапите патарини, кои никако не одговараат на катастрофалниот квалитет на патиштата! Време е владејачкото мнозинство ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ да се одважи во интерес на граѓаните и да го прифати овој предлог! Доста беше организираниот грабеж – народот плаќа, а не добива ништо!“, велат од Левица.
Од Левица потенцираат дека европските земји како Бугарија, Австрија и Швајцарија користат вињета систем што овозможува неограничено движење по прифатлива цена.
„Како стоиме во споредба со Европа?
🇧🇬 Бугарија: 7-дневна вињетка е 8€
🇦🇹 Австрија: 10-дневна вињетка е 9,90€
🇨🇭 Швајцарија: годишна вињетка е 42€
🇲🇰 Македонија: Табановце – Гевгелија (една насока) е над 6€
Колку тежат овие трошоци во споредба со платите?
– Швајцарија – просечна плата: 5.500€
– Австрија – просечна плата: 2.500€
– Бугарија – просечна плата: 1.000€
– Македонија – просечна плата: 700€
Ова значи дека додека еден Австриец за 10 дневна вињетка плаќа 0,4% од својата месечна плата, Македонецот за само една релација издвојува речиси 1% од својата плата, и тоа за руинирани автопати!“, велат од Левица.