Според нив, изборниот молк речиси да не важел за никој освен за Левица.Нагласуваат дека во неколку општини и избирачки места гласањето почнало подоцна, додека рекламен материјал пред ИМ бил забележан во Кичевско, Чаир и Бутел.
Луѓе блиски до досегашната власт прават притисоци на наши активисти, додека во Општина Долнени активисти на најголемата опозициска партија вршат притисок врз наши членови и на наши модератори им се закануваат со откази после изборите. Очекуваме да продолжат овие нерегуларности и недостатоци. Левица освен што ја менува политичката култура, се покажува и како фактор на демократизација на процесите” – нагласуваат од оваа партија