


Не може министерот Тошковски да ја игнорира одговорноста на директорите кои раководеле со клучниот сектор надлежен за гарантирање на заштитата на граѓаните. Додека Тошковски шири демагогии дека за оваа катастрофална трагедија никој нема да биде иземен од одговорност, фактите се дека неговите коалициони партнери се амнестирани целосно. Недозволиво е при една ваква трагедија правдата да биде селективна и токму заради тоа, доколку Тошковски не е способен да ги надмине теснопартиските интереси – истиот веднаш треба да си поднесе оставка.