Фондацијата „Национали94“ која ја формираа легендарните бугарски фудбалери кои настапуваа на СП 1994 година, Христо Стоичков, Борислав Михаилов и Красмир Балаков ќе се вклучи во помошта за настраданите во трагедијата во Кочани. Имено, фондацијата ќе собере финансиски и сите ќе ги донира за жртвите од трагедијата.
„За трагедија нема датум и време. По ова остануваат само солзи и голема болка. Ние како фондација „Национали94“ сакаме да изразиме сочувство до загинатите. Фудбалот не спријатели со луѓе од Македонија и важно е во овој момент да ја дадеме нашата поддршка“, соопштија од фондацијата.