16.8 C
Скопје
19/05/2024 07:39
МАКТЕЛ

  

     

 

Лекари, професори и функционери доминираат на пратеничките листи!

      

Заврши првиот круг од претседателските избори, во кои кандидатката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова победи со огромна разлика над кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски. Повеќе од 160 илјади гласови е разликата, но, сепак, пресуден ќе биде 8 мај, кога во истиот ден ќе се одржат вториот круг претседателски и парламентарните избори. Само два дена по објавувањето на првичните резултати, повторно продолжува трката на партиите за тоа кој ќе седне во вилата на Водно и на Илинденска. За разлика од претходните години, на овие претседателски избори истрчаа најмногу кандидати, кои настапија самостојно, од кои Максим Димитриевски со освоените гласови беше најголемо изненадување за сите. Партиите, пред десетина дена официјално ги најавија кандидатите за пратеници, меѓу кои може да се најдат лекари, професори, актуелни директори…

   

За две недели ќе се знае крајниот исход од тоа кој ќе ја предводи идната влада, како и кој ќе седне во фотелјата во вилата на Водно. Сега, пак, ќе почне натегањето колку повеќе гласови во кој штаб ќе завршат. А, многу битно во целата приказна е кои се тие што ќе седнат во пратеничките клупи, со оглед на тоа што се претставници на народот и треба да работат за него. Барем така треба да биде по некоја логика на нештата…

 

ЛЕКАРИ ВО ИЗБОРНИОТ ТАБОР НА СДСМ

   

     

Сите партии што учествуваат во изборниот процес излегоа со свои кандидати во сите шест изборни единици, единствено партијата Нова алтернатива под водство на актуелната скопска градоначалничка Данела Арсовска предложи свои кандидати само во четири изборни единици.
Според веќе објавените листи, кај дел од партиите се провејуваат веќе познати имиња, додека, пак, некаде има и одредени освежувања, односно целосно нови имиња. На листите кај владејачката партија можат да се најдат доста нови ликови, но, сепак, забележливо е и тоа дека сите министри се таму. Првата изборна единица на СДСМ ја предводи лидерот Димитар Ковачевски, додека веднаш по него е Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и дел од коалицијата. Третото изборно место го зазема професорката по филозофија Даниела Николова, додека, пак, четвртото место е наменето за Бојан Маричиќ, актуелен вицепремиер. Петката оди кај инфектологот Милена Стевановиќ, поранешна директорка на скопската Клиника за инфективни болести, која управуваше со болницата за време на пандемијата со корона.

Таа беше сменета од раководното место на клиниката по иницијатива на поранешниот министер за здравство од редовите на Алијанса за Албанците, Фатмир Меџити, тврдејќи дека причината е тоа што ѝ истекол сертификатот по англиски јазик, што е еден од условите за да може да конкурира за директорска позиција. Нејзиното место го наследи Фадил Цана од партијата на Арбен Таравари.
Стевановиќ и на претходните парламентарни избори беше кандидат за пратеник и успеа да влезе во парламентот, но, сепак, поднесе оставка од пратеничкото место за да се врати на примарната професија.

Во втората изборна единица, пак, првите места им припаѓаат на актуелни функционери на СДСМ и коалицијата, додека, пак, третата изборна единица ја предводи актуелната директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, а веднаш по неа се неколку актуелни министри и лидери на коалициските партии. Како ново име овде може да се сретне Душанка Георгиева-Трпевски, која се наоѓа на петото изборно место во ИЕ3, а е специјалист по детска и превентивна стоматологија. Таа, од пред десетина месеци е и в.д. директор во Општата болница во Кочани, од каде и што доаѓа.
Георгиева е и член на актуелниот состав на Советот на Општина Кочани и претседателка на општинскиот Форум на жени на СДСМ – Кочани. Веднаш по неа е и ортопедот Зоран Арсовски, кој од јануари годинава е назначен за в.д. директор на велешката Општа болница.
На листата се наоѓа и директорката на Домот на култура „Златен рудар“ во Пробиштип и актуелен претседател на ОО СДСМ, Пробиштип, Сандра Мијалковска.

ИСТИТЕ ВМРОВСКИ ПРАТЕНИЦИ

Четвртата изборна единица на СДСМ ја предводи неврохирургот Венко Филипче, кој од урбан скопски лик заврши на листата од каде што доаѓа неговиот најблизок сопартиец Зоран Заев, во чие време Филипче изгради богата политичка кариера. Додека со владата на „сдсмовците“ управуваше Заев, тој беше министер за здравство, кој неколку години се задржа на оваа позиција, а ја „водеше“ и битката со ковид-пандемијата. За време на неговото министерување „пукнаа“ неколку тендерски скандали, но сѐ заврши како и по традиција под тепих. Тој беше принуден да поднесе оставка, но затоа, пак, продолжи и понатаму да се надградува во политичките води. Во меѓувреме, неразделни пријатели се со семејството Заеви.

Како нов лик за избор во идниот парламентарен состав е доктор Илија Нешковски, член на Извршниот одбор на ЛДП. Тој е специјалист по интерна медицина во приватната болница „Жан Митрев“. И во петтата и во шестата изборна единица на првите добитни места се актуелни министри, додека уште едно ново име кое се најде на трето место во ИЕ6 е Ема Нешковска, сопруга на починатиот доктор Трајче Нешковски. И кај вмровците, на првите добитни места на кандидатските листи се едни од најблиските луѓе на лидерот Христијан Мицкоски, но за разлика од владејачката гарнитура, тука нема некоја голема промена во изборот на кандидати за пратеници. Поточно, старите познати имиња повторно се најдоа на кандидатските листи. Уште претходно, Мицкоски најави дека поради верноста на неговите пратеници, кои не му свртеа грб за уставните измени, како што направија неговите осум сопартијци за Преспанскиот договор, тие ќе останат на листите за пратеници.

Во првата изборна единица, на второто место, по Мицкоски е Гордана Димитриеска-Кочоска, која е негова десна рака, а која во пржинската влада беше дополнителен заменик-министер за финансии. На истата листа е и докторот Синиша Стојановски, а веднаш по него е Бети Стаменковска, која беше пратеник и во претходниот парламентарен состав. Таа на јавноста ѝ стана позната откако го урна собранискиот рекорд на говорница, откако на Комисијата за избори и именување зборуваше повеќе од десет часа за да го закочи изборот на Љубомир Јовески за уставен судија. Исто така, и името на Тони Јаревски се најде повторно на листата на ДПМНЕ. Тој е претседател на ОК на скопски Карпош.

Втората изборна единица ја предводи Владо Мисајловски, поранешен министер за транспорт и врски, но и тука нема некоја голема промена во имињата на кандидатите за пратеници. Сепак, третата изборна единица оди во рацете на Драган Ковачки, поранешен армиски офицер, кој е рамо до рамо со актуелниот лидер на вмровците. Иако, порано не ѝ беше многу познат на јавноста, сепак последните години тој ги соопштува главните вести од Белата палата. Кандидатот за пратеник и носител на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во „тројка“ и член на извршниот комитет на партијата е најбогат меѓу четворицата носители на кандидатски листи.

Според анализата на пријавениот анкетен лист, Ковачки „тежи“ 115.407 илјади евра. Тој на свое име пријавил стан од 66 квадратни метри, подрум и гаража во Скопје, градежно земјиште од 392 квадратни метри во Македонски Брод  и шума од 28.782 квадратни метри во делчевско Тработивиште, сите стекнати со договор за подарок. Од движен имот пријавил моторно возило „фиат браво“ стекнато со договор за купопродажба. Има и долг врз основ на кредит. На име на брачен другар, исто така, пријавил долг врз основа на кредит. На име на деца, Ковачки пријавил девизни депозити. Во истата изборна единица е и гинекологот Миле ЛефковБлагица ЛасовскаДаниела Христова, народни избраници од претходниот пратенички состав.

Ништо поразлични не се и четвртата и петата изборна единица предводени од Александар Николоски и Ѓорѓија Сајкоски, кој е генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Шестата изборна единица, пак, ја предводи стоматологот Дафина Стојановска и една од најгласните пратенички, која редовно е во некоја кавга со некој од партијата на власт.

КАНДИДАТСКИ ПАРТИСКИ ОСВЕЖУВАЊА

Третото високо место на претседателските избори од македонскиот табор е партијата на Максим Димитриевски, кој освои 71.301 глас, што е големо изненадување. Со ова тој им удри шамар на своите претходни сопартијци, на кои им зеде доста гласови за изборите. Партијата ЗНАМ – За наша Македонија ќе настапи самостојно и на парламентарните избори, а како носител во првата изборна единица е Бобан Карапејовски, професор на Филолошкиот факултет на УКИМ, член на Извршниот одбор на движењето ЗНАМ, во ИЕ2 ќе биде Даниел Стојчевски, м-р по кривично право, директор на ЈП „Чистота и зеленило“ во Куманово и претседател на Општинската организација на ЗНАМ во тој град, во ИЕ 3 ќе биде Павле Арсовски, генерал-мајор во пензија, доктор по историски науки.

Во ИЕ4, листата ќе ја предводи економистот Миле Цеков, претседател на Стопанската комора на Југоисточна Македонија и претседател на ОО на ЗНАМ во Струмица. Листата во Петтата изборна единица ќе ја предводи Весна Бендевска, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ, по професија психолог. Таа не е лице непознато на јавноста. Бендевска беше една од најактивните пратенички во времето кога со државата владееше ВМРО-ДПМНЕ, а беше и во Собранието на 24 декември 2012 година, црниот понеделник кога беа избркани и тепани новинарите и пратениците од тогашната опозиција. За носител, пак, на листата во ИЕ6 е избран Небојша Захариевски.

И партијата Левица ќе настапи самостојно на парламентарните избори. Како носител во првата изборна единица е претседателот на партијата и актуелен пратеник Димитар Апасиев, во втората е портпаролот на партијата Амар Мециновиќ, во третата изборна единица актуелниот пратеник Борислав Крмов, во четвртата изборна единица, Сашко Јанчев, советник во Гевгелија, во петата изборна единица Јована Мојсоска, генерален секретар на партијата, додека во шестата изборна единица прв на листата за парламентарните избори е Игор Димески, советник во Општина Центар. За разлика од другите партии, Нова алтернатива, сега предводена од актуелната скопска градоначалничка Данела Арсовска, на парламентарните избори, кои ќе се одржат на 8 мај ќе истрча со свои кандидати во само четири изборни единици.

Тоа што е специфично е што повеќето од кандидатите на листите, со која ќе настапува на изборите се последните актуелни директори на скопските јавни претпријатија. Покрај тоа што таа ќе ја предводи првата изборна единица, веднаш по неа на второто место е Александар Кузинаков, актуелен директор на ЈП „Дрисла“, додека, пак, третото место му припаѓа на актуелниот директор на „Водовод и канализација“, Виктор Панчевски. Откако Арсовска стана градоначалничка смени по неколку директори на претпријатијата, а Панчевски е трет директор по ред на ова јавно претпријатие.

Од тоа што може да се забележи во изборните листи на Арсовска е дека сопруги и сопрузи, и внуки се ставени на првите неколку места. Па, така на четвртото место во првата изборна единица може да се најде и името на Даниела Колеќеска, која, според нашите извори, е внука од сестра на десната рака на Арсовска, Драги Митковски. Тој, пак, е носител на втората изборна единица и еден од главните луѓе од доверба на актуелната градоначалничка на Скопје. Во неколку наврати пишуваше за него, како и за тоа дека, иако тој нема официјална функција во Град Скопје, сепак е задолжен за повеќето од случувањата и работните обврски на Арсовска. Исто така, во изборната единица 2 може да се најдат имињата и на двајцата сопружници Гоце Трајковски, кој е на второто место веднаш по книговодителот Митковски, а на шестото место е неговата сопруга Марија Трајковска.
„Фокус“ лани објави цел серијал текстови за таткото на Арсовска, Ванчо Јовановски од тоа колкав имот и фирми поседува, за што направивме и фотографии од целиот тој луксуз.

СТАРИ ИМИЊА КАЈ АЛБАНСКАТА ОПОЗИЦИЈА

Како носители на листи, коалицијата „Вреди“ ги одреди Изет Меџити во „единицата“, Африм Гаши во ИЕ2, Биљал Касами во ИЕ6 и Салим Сулејмани во „петката“.
Коалицијата ја направија Движење Беса, Алтернатива, Алијанса за Албанците на Арбен Таравари и Демократско движење на Африм Гаши.

ДУИ СО СТАРИ ИМИЊА, ЗА КОИ СЕ СЛУШНА ВО „БОМБИТЕ“ НА ЗАЕВ

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ ги презентираше носителите и коносителите на кандидатските листи за претстојните парламентарни избори кои вчера ги доставија до Државната изборна комисија.
„Европскиот фронт“ ќе ги бара гласовите на граѓаните во сите шест изборни единици, што е новитет кога станува збор за ДУИ. Најавија сигурна победа на изборите и освоени над 20 пратенички мандати. Носител во првата изборна единица е Блерим Беџети, а коносител Илир Асани. Во втората изборна единица, носител е Садула Дураку, а коносител коалицискиот партнер Скендер Реџепи-Зејд. Во третата изборна единица, носител е Сулејман Баки од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, а во четвртата Енвер Усеин. Во петата изборна единица, носител е коалицискиот партнер Зијадин Села, а коносител е Муса Џафери. На четвртото место е актуелниот пратеник Исмаил Јахоски. Во шестата изборна единица, носител е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а коносител е техничкиот премиер Талат Џафери, додека Мендух Тачи е на четвртото место.

    

Најново

Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клиничкиот центар

Sase Ivanovski

Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Sase Ivanovski

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Sase Ivanovski

Невработеноста голема, а бројката на отворени работни позиции расте, каде лежи проблемот?

Sase Ivanovski

Големо истражување откри што повеќе влијае на животниот век – гените или начинот на живот

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Директорот на токсикологија упорно се обидува да дефокусира и ја тера дебатата во меѓуетнички контекст

Sase Ivanovski

Полска инвестира повеќе од 2 милијарди евра во зајакнувањето на својата источна граница

Sase Ivanovski

Опасната игра на ДУИ

Sase Ivanovski

(Видео) „Јас моето што го сакав, да го набркам силеџијата Шилегов, го направив“ – Со Перо Камиказа за политиката

Sase Ivanovski

Вработените во „Дрекселмаер“ засадија 1.200 садници во Жегљане

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Sase Ivanovski

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Sase Ivanovski

„Јас одам Скопје – Атина, само не знам дал ќе минам граница“ – Стануваат ли повторно актуелни овие рефрени?

Sase Ivanovski

Куманово на врвот на листата по дивоградби – се легализираат куќи од 300 квадрати, се злоупотребува законот, се отвораат можности за корупција

Sase Ivanovski

Најголемата општина во државата – Куманово нема кино, младите бараат решавање на проблемот

Sase Ivanovski

Донесена првата неправосилна пресуда за мобинг во Кумановскиот суд

Sase Ivanovski

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Sase Ivanovski

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Sase Ivanovski

Д-р Димитров: ПАП тестот е историја, жените треба да прават ХПВ тест

Sase Ivanovski

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

Sase Ivanovski

Палевски во затворот во Шутка дошол со куфер, евра и лири

Sase Ivanovski

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Sase Ivanovski

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Sase Ivanovski

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

Sase Ivanovski

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

Sase Ivanovski

СООБРАЌАЈКА НА ТРИ АВТОМОБИЛИ КАЈ КИЧЕВО Повредени се тројца тинејџери и двајца возрасни

Sase Ivanovski

СЕ СУДРИЈА ТРАКТОР И КАМИОН ВО БИТОЛСКО НОВАЦИ Трактористот е тешко повреден

Sase Ivanovski

УТРЕ ЌЕ ИМА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ Се одржуваат две рекреативни трки

Sase Ivanovski

ПАДНАА ТУЖБИТЕ НА ЕВРОПСКИ ФРОНТ ПРЕД УПРАВЕН СУД Ќе се прегласува на 7 изборни места

Sase Ivanovski

ФОТО | Салфетката на која Меси го потпиша договорот со Барселона продадена за 888.000 евра

Sase Ivanovski

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше ламинат за детската градинка во Конче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова освен со папата, во Рим на средба и со италијанскиот претседател Матарела

Sase Ivanovski

Претседателството на ДУИ попладнево ќе одржи состанок

Sase Ivanovski

Најмалку 50 загинати во поплавите во Авганистан

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Бислимоски: Да ги одржуваме браните, да не ни се случи Либија

Sase Ivanovski

Поранешен српски репрезнтативец направил скандал во Белград: Беснеел во хотел и се заканувал на полицајци

Sase Ivanovski

САД со предупредување до американските граѓани, да бидат внимателни додека патуваат во странство

Sase Ivanovski

Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите во Управен

Sase Ivanovski

Климатски активисти ги блокираа пистите на аеродромот во Минхен, објавено е одложување на летовите

Sase Ivanovski

Експертската јавност децицна – Нема правни механизми за распуштање на Советите

Sase Ivanovski

Кривична против градоначалник за незаконски исплати за време на избори

Sase Ivanovski

Кривична пријава против полицајката која беше фатена со мито од над 10 илјади евра

Sase Ivanovski

Зеленски го одби планот за примирје на Макрон:„Емануеле не веруваме во тоа“

Sase Ivanovski

Човекот кој го нападна сопругот на Ненси Пелоси со чекан е осуден на 30 години затвор

Sase Ivanovski

Изгласана новата хрватска Влада, 79 пратеници гласаа за

Sase Ivanovski

Полуматуранти во Подгорица при прослава со факли го запалиле покривот на училиштето

Sase Ivanovski

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид

Sase Ivanovski

Герила акција кај фонтана во парк: Поставена макета – конструкција на јавен тоалет

Sase Ivanovski

Град Скопје: Фирма без дозвола поставува панорамско тркало во Карпош, институциите да постапат во најкус период

Sase Ivanovski

Божинов и Момировски првите луѓе во кабинетот на Силјановска Давкова

Sase Ivanovski

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

Sase Ivanovski

Напаѓачот на Фицо призна вина

Sase Ivanovski

(Видео) Ордановски- Во врвот на ВМРО ДПМНЕ се шокирани од однесувањето на Мицковски и Силјановска околу Преспа договорот

Sase Ivanovski

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Sase Ivanovski

(Видео) Села: Прво уставни измени, па формирање Влада – како гаранција дека продолжуваме на тој пат

Sase Ivanovski

Променливо облачно и топло време, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Азески за милијардата: Господ да е на помош на сите што ќе овозможат да се донесат нови пари

Sase Ivanovski

Мисовски и Зајкова демантираат дека ќе преминат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Реакции на Зеленски и Путин за предлогот за прекин на огнот за време на одржувањето на Олимпијадата во Париз

Sase Ivanovski

„Њујорк тајмс“: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска во Украина за обука на украинските сили

Sase Ivanovski

Управен ја одби тужбата на Европски фронт на решението на ДИК за избирачко место во Крушево

Sase Ivanovski

Европски фронт: Скандалозен јавен политички притисок врз Управниот суд од страна на поразените

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви

Sase Ivanovski

Судир на два воза во Белград

Sase Ivanovski

Членовите на ДИК се жалат на притисоци, стравуваат за својата сигурност

Sase Ivanovski

(Видео) Мециновиќ: Левица е создадена за да биде власт, ќе го замениме СДСМ во левиот блок

Sase Ivanovski

Денеска е меѓународен ден против хомофобија, бифобија и трансфобија

Sase Ivanovski

Продолжуваат средбите на работните групи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ – ВРЕДИ

Sase Ivanovski

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

Sase Ivanovski

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Sase Ivanovski

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА – таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

Sase Ivanovski

Стара измама – нова жртва, прилепчанка останала без 6.000 евра

Sase Ivanovski

Работите не изгледаат добро – грчки аналитичари за новиот спор за името

Sase Ivanovski

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“

Sase Ivanovski

Претрес во Струмица, приведен дилер

Sase Ivanovski

„Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост, на културната сцена во шест градови

Sase Ivanovski

Соопштение за јавност: ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО СТОПАНСКИ ДВОР

Sase Ivanovski
Вчитувам....