Ако некогаш сте имале шанса да ја посетите Италија, тогаш веројатно сте седнале во некој од баровите и сте забележале дека останатите гости претежно пијат ист алкохолен пијалак со портокалова боја. Станува збор за коктелот Аперол шприц, кој е прилично лесен за подготовка и во домашни услови, пишува „Пун куфер“.
Па, доколку сакате да се разладите со вашите пријатели во домашна атмосфера – тогаш ние ви го претставуваме рецептот за овој популарен италијански коктел. Процесот е многу едноставен и ќе ви требаат само неколку состојки: аперол (горко-сладок ликер), разладено просеко, газирана вода, парче портокал и коцки мраз.
Потребни состојки:
90 мл вино просеко
60 мл ликер аперол
30 мл минерална вода
коцки мраз
парче портокал по желба
Подготовка:
Во чаша ставете коцки мраз, а потоа прелијте ги со просеко, аперол и минерална вода. Измешајте ги сите состојки. По желба, додадете парче портокал во чашата. На здравје!