Тоа беше тежок период, но имаше и нешто посебно во него бидејќи кога го запознав Мајкл, веќе бев во подобра состојба. Но, се сеќавам дека уште на почетокот ми рече: „Знам дека можеш да бидеш многу посреќна одошто си сега“. Ми беше навистина тешко да го слушнам тоа бидејќи не сакав тој така да ме доживее. Сакав да мисли дека сум среќна и целосно стабилна личност, откри пејачката Лејди Гага. Лејди Гага откри дека се соочувала со проблеми со менталното здравје, пред 5 години таа доживеала психоза. Во саботата беше објавена епизодата со пејачката Лејди Гага од поткастот „The Interview“ на Њујорк тајмс, додека поп-ѕвездата го промовираше својот долгоочекуван нов албум „Мехем“, а за време на разговорот, таа отворено зборуваше за тоа зошто ѝ требало толку долго да сними нов студиски албум.
– Пред 5 години доживеав психоза. Некое време не бев целосно свесна за реалноста. Тоа ме оддалечи од нормалниот живот, но по години напор и работа успеав повторно да се вратам – сподели таа. Моментално, пејачката е свршена со својот долгогодишен партнер, Мајкл Полански, кој ја запознал во период кога почнала да закрепнува, но сè уште не се чувствувала целосно добро.
– Тоа беше тежок период, но имаше и нешто посебно во него бидејќи кога го запознав Мајкл, веќе бев во подобра состојба. Но, се сеќавам дека уште на почетокот ми рече: „Знам дека можеш да бидеш многу посреќна одошто си сега“. Ми беше навистина тешко да го слушнам тоа бидејќи не сакав тој така да ме доживее. Сакав да мисли дека сум среќна и целосно стабилна личност – откри Гага.