Либанскиот премиер Наваф Салам и претседателот Џозеф Аун денеска го осудија израелскиот напад врз Бејрут во кој загинаа најмалку три лица, нарекувајќи го прекршување на договорот за прекин на огнот. Салам рече дека нападот на ИДФ врз предградијата на Бејрут е „јасно кршење на аранжманот за прекин на воените дејствија“ и „флагрантно кршење на Резолуцијата 1701 на Обединетите нации“, одлуката на Советот за безбедност која стави крај на војната меѓу Израел и Хезболах во 2006 година и служеше како основа за ноемврискиот прекин на огнот. Во исто време, Аун ги повика меѓународните сојузници да го поддржат правото на Либан на целосен територијален суверенитет и го окарактеризира нападот како „опасно предупредување“ за израелските планови за Либан, пишува „Тајмс оф Израел“.
„Упорноста на Израел во агресија бара повеќе напори од нас да допреме до пријателите на Либан ширум светот и да ги собереме за поддршка на нашето право на целосен суверенитет над нашата земја“, рече Аун.
Либанското Министерство за здравство утринава соопшти дека најмалку три лица загинале, а седум се ранети во израелски напад врз предградијата на Бејрут.