Премиерот на Косово, Албин Курти, вечерва ќе организира ифтарска вечера на која ќе присуствуваат четворицата лидери на коалицијата ВЛЕН на политичките партии на Албанците. Ова денеска го потврди министерот за здравство Арбен Таравари и посочи дека на средбата се очекува да разговараат за актуелните политички теми како и за претстојните локални избори што треба да се одржат во октомври годинава.
-За локалните избори сме во релаксирана и добра атмосфера, се надевам дека ќе изнајдеме најдобро можно решение да нема незадоволни. Сите страни да бидат задоволни во коалицијата – рече Таравари. Тој вчера изјави дека партиите од коалицијата „Вреди“ се во постојана комуникација во врска со нивниот настап на локалните избори, додавајќи дека е оптимист оти ќе најдат заеднички јазик.