Лидерите на земјите членки на Европската унија на денешниот специјален Европски совет не постигнаа консензус за предложените заклучоци за поддршка на Украина, откако со нив не се согласил унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесоа медиумите. Во усвоената официјална верзија на документот, во само три точки се посочува дека членовите на Европскиот совет имале размена на мислења со украинскиот претседател Володимир Зеленски и дека на прашањето за Украина ќе се навратат на својот следен состанок.
– Европскиот совет разговараше за последните случувања во однос на Украина, се наведува кусо во документот, при што се додаваа дека предложените заклучоци за усвојување биле „цврсто поддржани од 26 шефови на држави или влади“. Поради ветото на Орбан, овие предлози за Украина не се вклучен во официјалните писмени заклучоци од Самитот, туку само се приложен како посебен текст под ознаката „документ ЕУ 10/25“. Во исто време, европските лидери едногласно усвоија план за драстично зголемување на буџетите за одбрана, како одговор на можноста најавена од Вашингтон – одбраната на стариот континент да биде оставена само на европските земји.