Иако „Фокус“ испрати официјални прашања до институциите сепак засега нема никаква потврда дека убиениот во Приштина бил вмешан во убиството на 6 март кога беа убиени главните водачи на криминалната група „Дуќанџик“, Јетон Кривањева-Жила и во Енес Исеинов-Љаци од истата група, а мал дел во нозете на трето лице што седело со нив.
Според информациите кои веќе ги објавија косовските медиуми убиениот е македонски државјанин од Чаир, бил застрелан со калашников. Станува збор за Бљерим Даци кој користел лажни документи, а биле на име Бљерим Шабани.
Според неофицијалните информации на „Фокус“, тој го променил презимето по враќањето од Авганистан и Сирија. Бил поранешен припадник на Алкаеда кој издржувал казна затвор од 18 месеци во Пакистан. Неофицијално, тој е припадник на криминалната група „Барон“ закоа пишуваше „Фокус“.
Во Македонија бил во домашен притвор заради недозволено држење на оружје, но засега нема потврда ниту за ова. Косовските медиуми вчера објавија, а косовската полиција потврди дека вчера во автомобил со македонски регистерски таблици бил ликвидиран македонски државјанин.Подалеку од местото на убиството беше најден запален автомобил за кој полицјата се сомнева дека е на осомничените кои го извршиле убиството.