Избран е европскиот град кој е најдобар за здравјето на жителите и туристите. Платформата за резервации на патувања „Омио“ направи анкета за да открие кој европски град е најдобар во однос на здравјето на жителите и туристите, а врз основа на 17 фактори, Мадрид се најде на првото место.
Платформата „Омио“ анализирала 17 различни критериуми. Земени се предвид фактори како што се нивото на загадување, квалитетот на зелените површини, бројот на спа центри, теретани и фитнес сали, нивото на бучава и бројот на сончеви денови. На второто место е Лисабон. Виена е трета на листата. Целата е листа изгледа вака:
1. Мадрид
2. Лисабон
3. Виена
4. Прага
5. Амстердам
6. Хелсинки
7. Копенхаген
8. Талин
9. Рим
10. Загреб
11. Будимпешта
12. Љубљана
13. Берн
14. Берлин
15. Луксембург
16. Рига
17. Софија
18. Вилнус
19. Атина
20. Стокхолм
21. Ереван
22. Рејкјавик