31.8 C
Скопје
26/06/2025 08:00
МАКТЕЛ

   

Лицето и опачината на дипломатијата

      

Денко Малески
Така е тоа во меѓународната политика: малите трчаат по големите, слабите по силните. Не е метафора: буквално трчаат низ коридореите на ОН или на меѓународните конференции. „Ене го Геншер“, ми вели државниот секретар на САД Иглбергер и ме удира со бастумот по чевелот, во холот на конференциската сала во Хелсинки, „Трчај по него“.
Се затрчав ама морав да запрам кога министерот за надворешни работи на Германија во нос ми ја тресна вратата на која пишуваше „Gentlmen“.
Сè, па и ова поведение е производ на анархичната структура на меѓународното општество на држави каде нема централна власт која би можела да ви помогне ако западнете во невоља, нема светска влада, а најблиску до тоа се големите сили.„Ставиш образ под ноге и молиш за своју земљу“, ми вели министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Харис Силајџиќ, на случајна средба на некаков аеродром за време на југословенските војни. Истото „со образот“ сум го правел и јас. Сум правел работи за државата кои за себе лично никогаш не би ги направил.

Она што Руте, генералниот секретар на НАТО, вчера го направи за организацијата и за Европа е нешто слично. Достоинствениот, ладнокрвен премиер на Холандија, каков го паметиме од посетите на Македонија, е преплашен од Трамп. Говорот на телото тоа јасно го кажува при секоја средба со него.Овој пат, уште пред да пристигне на самитот, преку Truth Social, му упати додворувачка порака на американскиот претседател во која вели: „Доналд, ти навистина не дотурка до еден навистина, навистина значаен момент за Америка и за Европа, и за светот. Оствари нешто што НИТУ ЕДЕН американски претседател, низ декадите не успеа да го оствари. Европа ќе плати ГОЛЕМО, како што и треба и тоа ќе биде твоја победа“.
Се разбира, Руте зборува за фамозните 5% придонеси на државите членки во буџетот на НАТО. Патем, тој му честита на Трамп за „одлучната акција во Иран иако таа приказна уште не е завршена.

   

Всушност, генералниот секретар го споделува стравот на европските лидери дека Трамп може да го растури самитот, па и НАТО, и за да го одоброволи спремен е да го стави својот образ под нозе. Сето тоа е дел од една милениумска дипломатска традиција која настанала во морето на светската политика во кое пливаат китови и сардини.

Од кажувањата на македонските политичари, разбирам дека традицијата не важи за нас денес. Со своите изјави создаваат впечаток дека тие се секогаш горди, не молат за ништо и не трчаат по никого. Со чист образ, водат само „жестоки битки“.
Ако е така, светот многу се променил оваа година од владеењето на новата коалиција во Македонија, ако не е, тие се во некоја друга игра за по дома, од која нема големо фајде.Она што вчера се случи во европскиот парламент е уште една потврда на европските политичари дека стојат зад јазикот и идентитетот на една преплашена млада нација, нешто што упорно ни го повторуваат последниве години.

Но, да се вратиме на приказната за Трамп и Руте. Инаку, како реплика на додворувањето на Руте, во текот на летот кон Хаг, Трамп, во одговор на новинарско прашање, рече нешто што му ја заледи крвта на Руте и на другите НАТО-политичари. Имено, на прашањето дали стои зад членот 5 од повелбата на НАТО, ветувањето за колективна одбрана, Трамп одговори: „Зависи од вашата дефиниција. Има бројни дефиниции на членот 5. Знате , нели? Но јас ќе бидам нивен посветен пријател. Посветен сум на спасување животи, Посветен сум на животот и на сигурноста. И ќе ви ја дадам точната дефиниција кога ќе стасам таму. Не сакам да го правам тоа во задниот дел од авионот“.
Всушност, има само една дефиниција на членот 5 до која се држеле сите досегашни американски претседатели, а таа е: „Напад на еден е напад на сите“.

Сепак, моите симпатии кон Трамп за искреноста, во светот на политиката во која има толку дволичност. Имено, во науката за меѓународната политика одамна се води дебата со заклучок дека, кога се работи за колективната безбедност, нема автоматизам. На пример, дека во моментот кога Русија би ја нападнала Полска, Америка би влегла во нуклеарна војна со Русија. Искуствата со колективната безбедност покажуваат дека политичарите сепак сакаат уште еднаш да го пресметаат нивниот национален интерес, особено ако се работи за нуклеарна војна. Затоа, можеби инвазија на една земја-членка на НАТО би довела до нуклеарен судар, ама поверојатно е дека не. Интересот да се сочува себеси ќе надвладее, па оттаму нема да има автоматизам.
На самит кој се одвива во сенката на вакви егзистенционални дилеми, беше детинесто од наша страна да бараме простор за македонско-бугарскиот спор, за кој западните сојузници веќе се изјаснија: решението е во „францускиот предлог“. Освен, се разбира, ако Трамп не мисли поинаку.

   

Најново

Tesla со пад од 40,5% во продажбата на електрични возила во ЕУ споредбено со лани

Sase Ivanovski

Велешанец тешко повреден при пад од мопед

Sase Ivanovski

Уапсени шест лица осомничени за планирање насилна промена на власта во Србија

Sase Ivanovski

Адвокатот на таткото на Вања вечерва откри: Александар е убеден дека Палчо е лицето кое ја убило неговата ќерка

Sase Ivanovski

Момче од Македонија се удави на Халкидики

Sase Ivanovski

Димитриеска Кочоска: Со задолжувањето од Унгарија заштедивме многу пари, бидејќи е со исклучително ниска каматна стапка

Sase Ivanovski

Вчера имаше прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од централното подрачје на Скопје

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: ТЕЗАТА на бугарскиот претседател Радев, дека постоењето на вековен македонски јазик и идентитет е навредливо за над 2 милиони Македонци во Бугарија и останати етнички заедници во Македонија, колку е налудничава, толку е точна!

Sase Ivanovski

Потпишан е договорот за формирање на Специјалниот трибунал против Русија

Sase Ivanovski

САД ја продолжија вонредната состојба во Западен Балкан за уште една година, почнувајќи од утре

Sase Ivanovski

Момче од Македонија се удави на Халкидики

Sase Ivanovski

На денешен ден – 26 јуни: Починал Жозеф Моголфие, кој го конструирал првиот аеростат-воздушен балон наполнет со топол воздух

Sase Ivanovski

Адвокатот на таткото на Вања откри: Александар е убеден дека ова е лицето кое ја убило неговата ќерка

Sase Ivanovski

Бред Пит проговори за своето сексуално искуство со мажи: Малку доцнам…

Sase Ivanovski

(ФОТО) Каде ќе летуваат Македонците летово?

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево и многу топло, температурата ќе достигне 41 степен

Sase Ivanovski

Иранската „монструозна ракета“ ја открива Ахиловата пета на Израел

Sase Ivanovski

Зеленски: Му ја објаснив ситуацијата на бојното поле на Трамп, Путин дефинитивно не победува

Sase Ivanovski

Змија касна жена во Словенија, починала пред да стигне во болница

Sase Ivanovski

Руте: Ништо не е променето, НАТО останува посветен на Западниот Балкан

Sase Ivanovski

РУСИЈА ОФИЦИЈАЛНО ИМА ГРАНИЧНО ПОРЕМЕТУВАЊЕ НА ЛИЧНОСТА – БПД: Медведев: ЕУ се претвори во вистински непријател на Русија

Sase Ivanovski

Во Грција уапсени 39 лица за трговија со антиквитети

Sase Ivanovski

ИМАЛО КУРТУЛ Пеколно уште некој ден, најавено невреме со заладување

Sase Ivanovski

Директорот на БЈБ Јанев на Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа

Sase Ivanovski

Бугарскиот премиер: Целта на Северна Македонија е членство во ЕУ, а не освојувaње на Вавилон

Sase Ivanovski

Бојковски: Скопје се дави во ѓубре и тоа е поважна тема од јавниот линч што го правите против претседателот на Управен одбор на Комунална Хигиена

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛЦИТЕ СЕ ОПАСНИ: Иран со најмалку 627 загинати и 4.870 повредени во 12-дневниот конфликт со Израел

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ОХРИД ИМА БРАТ БЛИЗНАК – КАВАЛА ВО ГРЦИЈА

Sase Ivanovski

ТЕШКО НА СВЕТОТ АКО РАШИСТИТЕ ТРЕБАШЕ ДА ГО СПАСУВААТ ОД ВОЈНА – ЧАСОВНИКОТ НА СУДНИОТ ДЕН ОТЧУКУВА, А РУСИЈА СЕ ОБИДУВА ДА ГО ВРАТИ ВРЕМЕТО Кремљ сака да спречи нуклеарна катастрофа, вели Лавров

Sase Ivanovski

НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ГОГА Е НА ТАПЕТ

Sase Ivanovski

ЛАЈКА: Се зголемува бројот на напуштени кучиња на територија на гробиштата Бутел – неодговорното сопствеништво создава сериозни последици

Sase Ivanovski

Чим Мелони не превртува со очи значи добро им оди муабетот, Тимчо за нив двете е Шекил Онил

Sase Ivanovski

ТУРЦИТЕ ЈА ПРЕГАЗИЈА И ИТАЛИЈА И СЕ НА ПАТ ДА НАМЛАТАТ МНОГУ ПАРИ: Турција е на четврто место во светот според број на туристи

Sase Ivanovski

Иран: Најмалку 627 луѓе загинаа во израелските напади за време на 12-дневниот конфликт

Sase Ivanovski

ЕУ гарантира дека ќе овозможи кредити од 60 милиони евра за одржлив раст на малите бизниси во Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова во Хаг оствари средби со претседателот на Чешка и со премиерите на Естонија и Белгија

Sase Ivanovski

НЕМИРНА НОЌ ВО ОХРИД Нов земјотрес ги разбуди охриѓани

Sase Ivanovski

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ ОД ТРУЕЊЕ СО ХРАНА НА ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ? Агенцијата за храна апелира во жешките денови да се внимава на животните и милениците

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова од Хаг повика да се деблокира процесот на проширување на ЕУ

Sase Ivanovski

Руте: Новиот инвестициски план на НАТО ќе поттикне квантен скок во колективната одбрана

Sase Ivanovski

Путин не може да биде среќен од резултатите од Самитот во Хаг, смета Руте

Sase Ivanovski

Видео: Гаф на Сиљановска потпретседателот на САД наместо Џеј Ди Венс го нарече Диџеј Венс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ РАСПАЛИ: Тоа што Русија и го прави на Украина, тоа Бугарија ни го прави на нас!

Sase Ivanovski

Министерот Дурмиши од Желино: Нова енергија и 40 милиони евра за локалната економија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Над 200 милиони евра инвестиции во македонското здравство 

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АЛИУ: Докторите се радуваат што ќе се паркираат во Лимак затоа што имаа скапи коли и никој нема да им ги изгребе

Sase Ivanovski

Мицкоски: Очекуваме до милион и пол туристи во Македонија, туризмот го движи економскиот раст 

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Мицкоски: Реализирани се 11 проекти во Клиниката за детски болести во делот на инфраструктурата и набавка на модерна медицинска апаратура

Sase Ivanovski

ПОЛСКАТА ВЛАДА ДОНИРАШЕ 29.000 ЕВРА ЗА НОВИ СЕДИШТА ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Sase Ivanovski

СДК: ИЗВРШИТЕЛИ ВЛЕГОА ВО КУМАНОВСКА „ЧИСТОТА“ ПОРАДИ ДОЛГ ОД 200.000 ЕВРА КОН ВРАБОТЕНИТЕ, ПОПИШАНО И БИРОТО НА ДИРЕКТОРОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИЉАНОВСКА: Трамп беше импресиониран од мојата забелешка дека тој е новиот Џон Ф Кенеди, ЏД Венс вети дека ќе ја посети Македонија

Sase Ivanovski

Во тек е постапката за купување на 110 електрични автобуси

Sase Ivanovski

Секој петок средба на Алиу со граѓани – закажувањето ќе се врши преку веб-страницата на Министерството за здравство

Sase Ivanovski

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ИСТРАЖИ ДАЛИ ПАЛЧО И ОСТАНАТИТЕ ИМАЛЕ ЛОГИСТИКА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ Туфегџиќ повтори дека не е одговорено клучното прашање – зошто е убиена Вања

Sase Ivanovski

Мицкоски: Законот за правична застапеност можеби уште денеска ќе биде испратен до Венецијанската комисија

Sase Ivanovski

Тошковски: Работниот однос на полицајците опфатени со истрагата за „Пулс“ е во мирување

Sase Ivanovski

Владата не се откажува од Вардарска долина, а знае дека не може да гради хидроцентрали каде што ќе минува брза пруга

Sase Ivanovski

„Фордо“ во Иран е 90 метри под планина, масивните бомби на САД продираат до 60 метри во подземни мети – стручњаци сметаат дека напад на локацијата во Иран би можел да биде фијаско

Sase Ivanovski

Макрон: Апсурдно е да се бара од Европа да троши повеќе додека е во трговска војна

Sase Ivanovski

Мисајловски: Одлуката за зголемување на инвестициите во одбраната ќе значи нова, модерна и софистицирана опрема за Армијата, професионални и стручни војници

Sase Ivanovski

Порастот на температурите ги зголемува ризиците од труење со храна, да се направи правилен избор при нејзина набавка

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: На Самитот во Хаг потенцирав дека верувам во збогум оружје и во насушната потреба од траен мир

Sase Ivanovski

Во Скопје ќе се суди за пожарот во „Пулс“, одлучи Врховен суд

Sase Ivanovski

МЕП Муртезани и ректорот на ИБУ проф. д-р Сунар, потпишаа Меморандум за соработка во контекст на евроинтеграциите

Sase Ivanovski

Канзуров: Кандидатот на СДС во Аеродром – Александар Трајановски е новата маска на старите, поразени политики

Sase Ivanovski

Димитров: Нашите транс сестри и браќа не се вашиот проблем. Едниот процент кој е вашиот проблем се богаташите кои ве цедат, тоа се корумпирани партии и алчни политичари

Sase Ivanovski

СЛАВЕСКИ: Денес доаѓаме со понуда до банките, Народната банка да го направи првиот чекор со намалување на надоместоците што ги плаќаат банките за користење на услугите во МИПС

Sase Ivanovski

СЛАВЕСКИ ГИ ВИКНА БАНКАРИТЕ НА РАПОРТ: Tреба да се укинат надоместоците за користење на електронско и мобилно банкарство како и надоместоците за плаќања со платни налози во рамки на иста банка.

Sase Ivanovski

Села со критики кон власта: Законот за правична застапеност е нетранспарентен и не решава ништо

Sase Ivanovski

БРАВО: Гувернерот Славески побара банките да ги намалат надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите

Sase Ivanovski

Утре не излегувајте без потреба: Наместа температурата ќе надмине 40 степени

Sase Ivanovski

Мицкоски: Седум години неправдата стануваше навика, почнавме од темели кои беа пепел и прав

Sase Ivanovski

Божиновска: „Вардарска долина“ ќе се гради, а ХЕЦ Чебрен ќе стане реалност

Sase Ivanovski

НЕ СУМ ПОД ВЛИЈАНИЕ НА МИЦКОСКИ Томас Вајц тврди дека неговиот извештај за Македонија е објективен

Sase Ivanovski

Од 5 јули ќе биде пуштен во употреба системот „Уан стоп шоп“ со Србија

Sase Ivanovski

Градинките во Центар летово ќе примаат деца до 10 години

Sase Ivanovski

ФОТО НА ДЕНОТ: ВИКТОРИЈА ЛОБА

Sase Ivanovski

Ова е предавство, кој и да е, мора да одговара – Виткоф за протекувањето на информации за нападите на САД врз Иран

Sase Ivanovski

Бугарија нема да прифати замена за тешко постигнатиот европски компромис за Македонија: Радев до европските челници

Sase Ivanovski

МП: СДСМ продолжува по патот на деструкција и креирање дезинформации на штета на граѓаните

Sase Ivanovski
Вчитувам....