Во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, 81-годишниот маж примил лице кое се претставило како продавач на бренд со одредени производи и откако му дал пари и личен накит за производите, лицето си заминало. Осумдесет и едногодишен маж од Скопје синоќа пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 60.000 денари, соопшти полицијата.
Во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, 81-годишниот маж примил лице кое се претставило како продавач на бренд со одредени производи и откако му дал пари и личен накит за производите, лицето си заминало. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), подоцна кога ја отворил кутијата со производите, мажот видел дека тие не се од брендот како што му кажало лицето, односно сфатил дека бил измамен. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Извор: Новинска агенција МЕТА