Да кажам збор два за овој тип на измама и луѓето кои се заслепени од ова.
2019 одам на прва презентација , другар ме покани беше влезен со 4-5000 евра пари тешко заштедени. Веќе бев длабоко навлезен во светот на инвестирање преку Interactive Brokers и бев запознаен за овој тип на измама попознат како Lyconet и спремен со прашања да пукам.
Влегуваме во Континентал почнува настанов, прв почнува еден господин човек албанец , почнува да објаснува како е еден од најуспешните во овој бизнис и се останато, потоа доаѓа еден млад дечко кој тврдеше дека е електро инженер и дури ја затворил својата фирма која била 10 година стара бидејќи правел толку многу пари од Lyconet, потоа доаѓа маестро Витанов и објаснува спомнува некои ликови кои се 1-2-3 левел во неговата организација, ги гледам луѓето функционално неписмени во инвестирање и во целиот процес на што уствари е ова.
Почнуваат прашања културно им се уфрлам почнуваат да вртат како ‘киша око Крагујевца ‘ маркетериве.
Како уствари ТЕ ИЗМАМУВААТ:
Прво им даваш КЕШ пари за инвестирање кои магично почнуваат да работат за тебе по нивни cloud системи , нивни валути , се отвараат бази по цел свет па токени па вреди волку па вреди толку за 1 година. А ШТО ДОБИВАШ НАЗАД?
ВИРТУЕЛНИ ПАРИ , односно ВАЛУТА која функционира во затворен систем кој не можеш да го користиш никаде АМА за 5 години ќе може и нормално има лекоумни луѓе кои паѓаат на ова.
Кои се луѓето кои инвестираат во ова е прашањето:
Од тоа што успеав да видам се луѓе кои немаат појма што уствари значи да инвестираш, ЖЕНАТА кој беше 1 левел во организација имаше ПРОДАДЕНО нива и тие пари ги имаше инвестирано во ова И од таа жена ли очекуваш да разбере во што инвестира? По коментари кои го бранат Витанов може да се види дека се слепи водачи на проектов имаат фрлено многу пари за џабе и веруваат дека ќе ги добијат парите назад ама успеваат да се лажат сами себе. Не сакам никого да навредам но претежно се луѓе кои немаат допирна точка со финансии.
Уште долго ќе тера бизнисов кај нас кога има овци за стрижење.