Претседателката на Организацијата на потрошувачите (ОПМ), Маријана Лончар Велкова, вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 рече дека во смета оти осигурителните компании ги оштетиле граѓаните кои лани во една недела на крајот на април и почетокот на мај беа принудени да платат повисока цена за полиси за автоодговорност. „Ние во тој период ги повикавме, сите десет, односно баравме средба со нив за да се сретнеме и да ги обесштетат потрошувачите затоа што се се случуваше само во еден период. Ние направивме повик со еден „тизер“ на „Фејсбук“ каде што ги поканивме, направивме и платформа каде може да се пријавуват и добивме – граѓаните се пријавуваа, и во тој период од 27.04 до 07.05 каде што беа цените покачени, купиле полиса. Не можеле да не купат бидејќи возеле возило и не смеат да не купат“, вели Лончар Велкова за случајот.
Како што вели таа, тука имале и сомнение за нечесна пазарна пракса и искористување на поповолна положба во која беа осигурителните компании. Ова, според Лончар Велкова, се гледа и од фактот што поскапувањето кај сите компании било еднакво – за 15 отсто. „Се работи во исто време, на сите компании, се докажа, односно баравме од АСО (Агенција за супервизија на осигурување) за колкав процент се работи. Секаде беше 15 отсто покачување и тоа беа доволни индиции“, вели Лончар Велкова.