Jа поздравуваме решеноста на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент (ЕП) да не се вовлекува во шпекулативни националистички наративи поврзани со тврдења за „вековен македонски идентитет“, што се спротивни на европските вредности на инклузија и ги повредуваат чувствата на Бугарите и на претставниците на другите заедници во РСМ. Ова попладнево на својот фејсбук-профил го напиша шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев откако АФЕТ го усвои Извештајот за Северна Македонија за 2023 и 2024 година подготвен од австрискиот европратеник и известувач за земјава Томас Вајц, а во кој на неколку места има референци за признавање на македонскиот јазик и идентитет.Георгиев посочува дека нивната загриженост во врска со политиките на Северна Македонија е поврзана со две клучни прашања:
- Гарантирање на правото на Бугарите во РСМ на самооопределување, без страв од прогон и дискриминација;
- Спречување провокации против милиони бугарски граѓани – граѓани на Европската Унија, од кои многумина се потомци на Бугари од географскиот регион Македонија.
Според него, Бугарија останува посветена на сите елементи од европскиот консензус од 2022 година, чија имплементација, како што додава, е единствена можност за европска интеграција на соседната земја. Оваа позиција, вели Георгиев, е потврдена со одлуките на Народното собрание во Софија од јуни 2022 година и мај 2025 година.