Словенечкиот кошаркарски репрезентативец Лука Дончиќ, еден од најдобрите играчи во НБА лигата, членот на Далас маверикс кариерата ќе ја продолжи во Лос Анџелес лејкерс, откако ќе биде дел од големиот трејд меѓу двата клуба. Оваа сензационална вест ја пренесе инсајдерот во НБА, Шамс Чаранија, набрзо потоа ја пренесоа сите водечки медиуми во САД, а може да се види дури и на официјалната страница на најсилната кошаркарска лига во светот. Според овие информации, првите луѓе на Маверикс тајно ги контактирале своите колеги од Лос Анџелес и им ги понудиле Макси Клебер, Маркиф Морисон и Лука Дончиќ, а за возврат ќе ги добијат Ентони Дејвис, Макс Кристи и првиот пик на драфтот во 2029 година.
BREAKING: The Dallas Mavericks are trading Luka Doncic, Maxi Kleber and Markieff Morris to the Los Angeles Lakers for Anthony Davis, Max Christie and a 2029 first-round pick, sources tell @ShamsCharania. Three-team deal that includes Utah. pic.twitter.com/joU6bXqnBJ
— ESPN (@espn) February 2, 2025
Во целата приказна е вклучена и Јута, која ќе го добие Џејлен Худ Скифин, како и еден пик од втората рунда на НБА драфтот во 2025 година, кој им припаѓа на Далас и ЛА Лејкерс. Причина за ваквата одлука на Маверикс е фактот што Дончиќ во последно време често се повредува и што не е претерано дисциплиниран кога е во прашање исхраната, што значи дека често носи вишок килограми. Лејкерси решија да го преземат тој ризик и да се обидат да го претворат Словенецот во играч кој ќе доминира на терените во НБА во следната деценија, со оглед на тоа што поранешниот играч на Реал Мадрид има само 25 години.