Од она што го слушнавме мислам дека во судот не е ценет ниту еден доказ на одбраната, иако имаше доста. Судот нема направено оценка ниту на сите докази посебно, ниту на сите заедно како целина, изјави Јовица Страшевски, адвокат на Љупчо Палевски Палчо.
По денешната пресуда доживотен затвор за четворицата убијци на Вања Ѓорчевска (14) и на Панче Жежовски (74) нивните бранители најавија жалби пред Апелацискиот суд.Јовица Страшевски, адвокат на Љупчо Палевски Палчо не сакше да ја коментира пресудата.
– Наше видување е дека како што почна, така заврши овој циркус. Обвинителството беше без ниту еден доказ, а Судот врз основа на напишаното во обвинителниот акт донесе пресуда. Немаше ниту разумен сомнеж. Јавното обвинителство беше конфузно. Во завршниот збор, целиот акцент го стави на таткото на детето, кој денеска, според мене, доби заслужена ослободителна пресуда. Јавното обвинителство немаше докази против него, исто како и за мојот клиент – рече Страшевски.Тој додаде дека ќе почека да ја види пресудата и образложението и тоа како судот ги изнел изнесените докази.
– Од она што го слушнавме мислам дека во судот не е ценет ниту еден доказ на одбраната, иако имаше доста. Судот нема направено оценка ниту на сите докази посебно, ниту на сите заедно како целина. Пресудата за Љупчо Палевски не е издржана – изјави Страшевски.И Бојан Манев, адвокат на Боре Видевски најави жалба.
– Во објавата на пресудата слушнавме два непобитни факти. Судот ги ослободи обвинетите од одговорноста за грабнувањето на Панче Жежовски, па јас би прашал, како го убија, а не го грабнаа? Второ, судот во својата објава вели дека Панче е убиен во периодот околу 10 до 10.30 часот, а цела Македонија виде снимка дека во 12.30 човекот е жив, на бензиската станица Лукоил во Велес. Конфузното обвинение беше само препишано во пресудата. За доказите, знам дека не постои ниту еден доказ на кој се темели обвинението – рече Манев.Игор Ефремов, адвокат на Влатко Кешишев рече дека судот не ги зел целосно во предвид олеснителните околности.
– Судот не го зел в предвид особено фактот дека ако не беше Кешишев немаше да бидат пронајдени ниту телата, ниту ќе се откриеше наинот на извршување на грабнувањата. Особено сметам дека судот не поклони доволно верба на исказот на Кешишв во делот дека дејствувал по страв и наредби на Палевски. Кога ќе го добиеме образложението на пресудата, ќе поднесеме жалба – рече адвокатот Ефремов.