Во гостувањето на поткастот кај Јанаки Митровски, уставната судијка Ана Павловска Данева ги кажа причините зошто е добро неговот укинување и како се злоупотребувал.
„Кога балансерот бил донесен во 2015 – 2016 година ја завршил својата работа, бидејќи тогаш се трупале националноста вработувани без да одат на работа. Тоа беше јавна тајна. Луѓето во Германија работеа тука земаа плата. Со тоа се направи нешто за да може некако да се надмине, а сега после толку години тоа толку се злоупотребува, си се пишувам јас Влаинка, вир Србин, Турчин, Албанец, а по три месеци ќе се смениме пак ќе си се вратиме на старо и сега конечно решивме, добро ова е крај, готово противуставно е, докажавме ми се чини бидејќи реално правнички аргументи немаше дека не е така“, вели таа.