Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на денешната прес-конференција посочи дека на таа локација постојано се сервисираат семафорите поради сообраќајни несреќи. Димитриевски посочи дека спроведена е јавна набавка и избрана е фирма за одржување на вертикалната сигнализација.
– Семафорите во континуитет се сервисираат, но се оштетуваат од лица кои предизвикуваат сообраќајни несреќи, а во многу случаи во состојба на алкохолизираност. Во последната сообраќајна несреќа беше уништен дел од таквата сообраќајна инфраструктура, но и главниот систем за функционалност. Искрено, жалам за сообраќајката, но кога се работи за светлечка сигнализација одлучува МВР, не е во наша надлежност, изјави Димитриевски.
Тој апелираше возачите да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, сообраќајните знаци, првенството на минување….Димитриевски, како што рече, повеќе се залага за изградба на кружни текови кои, иако го успоруваат сообраќајот, се побезбедни за сите учесници.Општина Куманово преку јавна набавка на 5 јуни годинава избра компанија од Скопје која за скоро милион денари ќе ги сервисира семафорите