Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Намалена видливост од 50 до 100 м. поради појава на магла има на патните правци Гостивар-Тетово, Скопје-Велес, Неготино-Демир Капија и Делчево-Струмица, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево. Патот Охрид-Ресен преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила.
„Синтек инженеринг ДООЕЛ“ известува дека реконструкцијата на тунелски цевки на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица , фаза 1 е завршена и сообраќајот се пушта во траен режим на сообраќај од 10.12.2024 година. Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.