МАКТЕЛ

     

Мажите имаат 15 пати поголеми шанси да доживеат оргазам за време на секс

      

Научниците одамна знаат дека жените статистички доживуваат помалку оргазми од нивните машки сексуални партнери, а еден од најпоразителните докази за тоа е студија од 2018 година според која 87 отсто од мажените мажи редовно доживуваат оргазам, во споредба со само 49 отсто од мажените жени. Иако јазот малку се намалува со возраста и со зголемено сексуално искуство, тој сепак останува присутен во текот на целиот живот. Од друга страна, овие тешкотии со постигнување оргазам не постојат кога жените мастурбираат или имаат секс со други жени, што сугерира дека причината лежи во хетеронормативните односи меѓу мажите и жените, пишува „Живим“.

Машкиот оргазам како приоритет

   

Нова студија на Градскиот универзитет во Њујорк ѝ даде име на оваа културолошки условена појава: јаз во потрагата по оргазам. Водителката на истражувањето, социјалната психологинја Карли Волфер, објасни дека изразот се однесува на тоа колку некој сака да се случи оргазам, било свој, било на партнерот/ката, и колку труд вложува во тоа. За таа цел, таа анализирала „сексуални дневници“ што 127 возрасни хетеросексуални лица на возраст од 18 до 40 години, кои биле во моногамни врски, ги воделе онлајн 21 ден. Открила дека машките оргазми биле приоритет за двете страни: мажите имале тенденција да се фокусираат на сопствениот оргазам, при што чувствувале поддршка од партнерките, а и жените биле насочени кон тоа нивниот партнер да доживее врв. Мажите изјавиле дека доживеале оргазам во 90 отсто од сексуалните односи, а жените само во 54 отсто. Треба ли да зачудува тоа што мажите пријавиле значително повисоки нивоа на сексуално задоволство воопшто, како и задоволство од оргазмот, во споредба со жените?

„Во нашето истражување, мажите имале 15 пати поголеми шанси за оргазам од жените во кој било сексуален чин. Причината не е тоа што за жените „природно е потешко“ да доживеат оргазам, што е неоснован, но вообичаен мит, туку затоа што помалку се трудиме да го поддржиме сексуалното задоволство на жените, на пример преку стимулација на клиторисот“, вели Волфер.
„Дел од проблемот лежи и во тоа како ја доживуваме пенетрацијата; таа навистина е најсигурен начин мажот да доживее оргазам, но кај поголемиот дел жени, оргазмот доаѓа преку стимулација на клиторисот. А таа стимулација, ако воопшто и се случи, премногу често се третира само како ‘предигра’“.

Сите губат

Секс-терапевтката Ванеса Марин, основачка на платформата „Финишинг скул“, не е изненадена од наодите на студијата. Таа вели дека често гледала како мажите чувствуваат дека заслужуваат оргазам или гледаат на него како на дел од сексот што се подразбира. Причината не е во тоа што мажите се себични по природа, туку во културолошкото условување: склони сме да размислуваме за машките оргазми како за природен крај на сексуалниот однос, па затоа и се трудиме да се случат.

„Жените се на губиток ако пенетративниот секс е главниот настан, но и мажите се на губиток. Оргазмот е прекрасен, но не е единственото мерило за задоволителен сексуален однос. Ако се фокусираме само на оргазмот, го пропуштаме богатството на целото искуство – блискоста, поврзаноста и задоволството што произлегува од нив“, вели Марин.

Со или без оргазам

Советите за надминување на оргазмичкиот јаз најчесто се насочени кон „поправање“ на жените, предупредува Карли Волфер. Жените се општествено обликувани така што го ставаат сопственото задоволство на второ место, а потоа се суптилно „казнети“ што не доживуваат оргазам.

„Во медиумите често гледаме наслови како „Што можат жените да направат за да го надминат оргазмичкиот јаз“, но никој не прашува што можат мажите да направат. Тоа не е женско прашање – туку заедничко“, потенцира таа.

Интересно е што во студијата, перцепцијата за тоа колку партнерот/ката се труди некој да доживее оргазам се покажала како посилен предиктор за оргазам и сексуално задоволство, отколку сопствената потрага по оргазам. Со други зборови, кога чувствувате дека вашиот партнер навистина се залага вие да доживеете оргазам – поверојатно е дека ќе го доживеете. А ако чувствувате дека не добивате поддршка, тогаш и вашата желба станува неважна. Задоволството, значи, е пред сѐ заеднички процес.

„Целта не е да се бројат оргазми ниту да се разбере сексот како ‘мило за драго’. Целта не е ни и двајцата да доживуваат оргазам во иста мера, туку да има еднаквост во сексуалното уживање. Вистинското задоволство значи дека двете страни се чувствуваат поддржано, видено и дека имаат можност да доживеат безбедни и исполнувачки сексуални искуства – со оргазам или без него“, вели Волфер.

Како да се постигне еднаквост во задоволството во врската

За да се постигне еднаквост во сексуалното уживање, многу жени ќе треба прво да се одвикнат од социјалното условување што налага другите да ги ставаат пред себе. Треба да си дозволат, вели Ванеса Марин, да го гледаат своето задоволство како вредно – не само за егото на партнерот или за доброто на врската, туку за самите себе.

„Жените треба јасно да му објаснат на партнерот што им е потребно во сексот – дали тоа е повеќе стимулација на клиторисот, побавно темпо или само чувство дека нејзиното задоволство му е важно. Мажите, пак, треба да ја прашаат партнерката што ѝ одговара и навистина да го слушнат одговорот. Притоа користете отворена комуникација без осудување. Кажете нешто како: ‘Сакам да бидам интимен/на со тебе и би сакал/а да истражиме како сексот може да биде уште попријатен за двајцата. Предлагам да разговараме за тоа што е добро за тебе, а што за мене, и како можеме да си пружиме меѓусебно задоволство’“, советува Марин.

Советува да бидете љубопитни и отворени за испробување нови нешта, како фокусирање на клиторисот или експериментирање со различни техники. Комуницирајте за време и по сексот – за да видите не само што ви одговара физички, туку и како се чувствувате емоционално.

„За мажите, најважниот чекор е да го променат начинот на размислување, каде наместо ‘да добијат’, приоритет ќе им биде ‘да даваат и споделуваат’. На крајот, таквиот пристап ќе им се исплати на двајцата и барем во вашата врска ќе се намали непријатниот оргазмички јаз“,вели Марин.

   

Најново

СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СТРУМИЦА Дрво смачка автомобил, пожарникарите на терен

Sase Ivanovski

Таравари: Жал ми е што премиерот стана жртва на некои уверувања, лично ќе му ги објаснам работите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал, секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци

Sase Ivanovski

Лишен од слобода маж од кичевско, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Sase Ivanovski

Германија протестира за забрана на крајнодесничарската партија АфД

Sase Ivanovski

Трамп со порака до Украина и до Русија: ОДРЖЕТЕ СРЕДБА, ВЕДНАШ

Sase Ivanovski

Додик: Пресудата против мене треба да се поништи

Sase Ivanovski

Прегазена жена во Кочани

Sase Ivanovski

„Здраво перверзњаку“: Измама што тврди дека сте снимани во тек на интимен чин

Sase Ivanovski

Малолетничка пријавила дека доктор на Клинички ја допирал по телото во тоалет. Ме местат со нејзиниот вереник има камери ќе се види дека лажат

Sase Ivanovski

Крис Павловски пристигна во Македонија: Најави дека ќе го бара гробот на Александар Македонски

Sase Ivanovski

Македонските ракометари се пласираа на ЕП, осми пат по ред

Sase Ivanovski

Илјадници луѓе во Париз протестираа против исламофобијата

Sase Ivanovski

Излезна анкета: Социјалистичката партија на Рама победи на изборите во Албанија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Чарна Невзати блесна на Мис на светот 2025: На сцената се претстави во впечатлива креација со боите на знамето

Sase Ivanovski

Келог: Прво прекин на огнот, а потоа мировни преговори меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

Меџити до Таравари: Маските паднаа

Sase Ivanovski

САД и Кина постигнаа трговски договор

Sase Ivanovski

Скопје и регионот зафатени со дожд и засилен ветер

Sase Ivanovski

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Sase Ivanovski

Зеленски: Ќе го чекам Путин во Турција во четврток, лично

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРТ: КАКО „ИСЧЕЗНА“ ЗАКОНОТ ЗА ПОТЕКЛО НА ИМОТ?

Sase Ivanovski

Три дена падната светилка во Аеродром – без реакција од Град Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Христијан Мицкоски: ДУИ гледа антиалбанска политика во потезите на актуелната власт додека владината коалиција гледа обид за заштита на корумпирани поединци

Sase Ivanovski

Мартин Костовски: СДСМ никогаш нема да се откаже од европскиот сон

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денеска извршивме увид на градежните активности за изградба на нова детска градинка во населено место Инџиково, Општина Гази Баба

Sase Ivanovski

(ФОТО) Шукова: Решенија за чиста животна средина- приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори

Sase Ivanovski

Костова: СДСМ нуди решенија за подобрување на стандардот на граѓаните

Sase Ivanovski

Трипуновски: Здружувањето на земјоделците е клучот во решавањето на пласманот и рентабилноста на земјоделските производи

Sase Ivanovski

Демократски сојуз: Заканите за дестабилизација се очајнички обиди на Ахмети за враќање на власт

Sase Ivanovski

Костова: Владата има очајни економски резултати, животниот стандард е на дното

Sase Ivanovski

Димитриевски: Македонија не смее да биде повеќе монета за поткусурување во рацете на неспособни и корумпирани лидери

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мицкоски од Инџиково: Наскоро од денес се отвора детската градинка за најмалите, продолжуваме да ја градиме Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава за мачење животни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: 24 часа Филипче молчи да одговори на каков начин ја добил златната виза за Дубаи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС не може глава да крене од скандали со дрога на нивни членови

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна, Венко го негира Филипче

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал, секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Куманово

Sase Ivanovski

Филков: Судскиот совет повеќе нема да биде терен за тајни договори, туку арена за интегритет и стручност

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: 92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје, 50 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Владата помага и ќе продолжи да помага со сите средства на сите опфатени со трагедијата во Кочани, го повикуваме СДС да престане да ја политизира работата

Sase Ivanovski

СДСМ: Максиме прочитан си, сега нема бегање од скандалот со златните парцели

Sase Ivanovski

Трипуновски од Василево: Излегуваме во пресрет на земјоделците, побргу ќе ја направиме проценката, за да се обноват површините кои што се зафатени од невремето

Sase Ivanovski

Денес започнаа парламентарните избори во Албанија

Sase Ivanovski

Стара географска карта извадена од контекст за да се пофали Русија

Sase Ivanovski

Трамп тврди дека постигнал „целосно ресетирање“ на трговските односи меѓу САД и Кина по разговорите за царините во Женева

Sase Ivanovski

ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИГНОРИРАНИ ДО СМРТ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ

Sase Ivanovski

Како забраната за вештачки бои ќе влијае на производтсвото

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУЧЕ ВЛЕЧЕНО СО АВТОМОБИЛ ВО КРИВА ПАЛАНКА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Владимир Димковски: Дали смокот е опасен?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стефан Андоновски: „Ходникот е најчесто место каде се чуваа серверите во Македонија“

Sase Ivanovski

Зеленски се согласува да преговата и е подготвен да се сретне со Путин очи во очи!

Sase Ivanovski

Упатените закани кон оние кои дојдоа на парадата на 9 мај, Москва ги нарече манифестација на тероризам

Sase Ivanovski

Москва го обвини Киев дека го прекршил примирјето 14.043 пати, и тврди дека руските сили го почитувале прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Пациентка пријавила доктор од Токсикологија за сексуално вознемирување, тој тврди – има камери, има сведоци, пациентката лаже!

Sase Ivanovski

Таравари: Алијансата за Албанците треба да биде во опозицијата, за неа таму ќе биде подобро

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна

Sase Ivanovski

Зеленски: Очекуваме Русија да потврди прекин на огнот, целосен, постојан и сигурен, почнувајќи од утре

Sase Ivanovski

Турски државјанин тепал со капак од шахта сограѓанин во Скопје, заврши во притвор

Sase Ivanovski

Во Кичевско син со секира го уби таткото и тешко ја повреди мајката

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Земјотресот се случи на 8 мај, промената започна, нема да запре!

Sase Ivanovski

Истрага за сообраќајка во Чаир, тешко повреден е мотоциклист

Sase Ivanovski

92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје, 50 казнети возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Левица: Нов ценовен шок – власта повторно немоќна и без решенија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Панче Тошковски: Никогаш заборавени! Вечна слава на македонските херои!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бенџамин Пасини и Малучи Вивар: Директно од Перу, нашите гостински шефови влегуваат во кулинарски дуел што ќе ги разбуди сите сетила!

Sase Ivanovski

Каранфилова Пановска: Власта нема желба за исчекор во европските интеграции и земјата е ставена во авто блокада

Sase Ivanovski

СДСМ до Максим Димитриевски: Луѓе фатени во корупција не можат никого да прозиваат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Фрчкоски на албанската државна Радио -Телевизија: За односите Македонија – Албанија и Македонци – Албанци во Македонија

Sase Ivanovski

Османи за РСЕ: Владата спроведува селективна правда, ја уништува ЕУ-перспективата и го анулира Охридскиот договор

Sase Ivanovski

Премиерот ќе оди во Кочани на средба со родителите откако тие одбија средба во Скопје

Sase Ivanovski

Мицковски ќе го викнел Таравари на “збогум кафе”

Sase Ivanovski

Кој чепкал во струјата во Штипската модуларна болница? Сакал ли реприза на трагедијата во Тетово?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кривична пријава за мачење животни

Sase Ivanovski

Радев бара референдум за еврото

Sase Ivanovski

Мицкоски најави инвестиција од десетици милиони евра на швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“

Sase Ivanovski
Вчитувам....