Од МВР информираат дека вчера полицијата во Куманово добила пријава дека татко од кумановско село ја силувал неговата малолетна ќерка.
-Вчера, во 12:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека З.В. од кумановско село извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка, информираа од полицијата. Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.