Дваесет и осумгодишен маж од Паланечко бил приведен по пријава дека ја нападнал две години помладата сопруга.
„На 01.05.2025 во 17.20 часот полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Д.И.(28) од кривопаланчеко село, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 26-годишна сопруга, а притоа и упатувал и закани“, информираат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.