Од полицијата во Битола информираат дека вчера попладне било пријавено дека 62-годишен маж од прилепското село Воѓани физички бил нападнат од негов колега во фабрика во индустриската зона „Жабени“.
-На 02.06.2025 во 17.00 часот во СВР Битола, П.П.(62) од с.Воѓани, прилепско, пријавил дека на работното место во фабрика во индустриска зона „Жабени“ во Битола бил физички нападнат од негов колега- велат од полицијата. Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.