Измамник од Македонија лажно се претставил како лекар и оштетил осум родители во Хрватска, искористувајќи го најголемиот човечки страв – потенцијалната загуба на дете, пишува Дневник.хр.
„Од другата страна на телефонот, едно лице се претставува како лекар кој вели: „Вашето дете е во опасност. Се случила голема трагедија или несреќа. Потребни се пари за оваа тешка операција“, изјави Марија Гоати, портпаролка на Полициската управа во Загреб, додавајќи дека родителите биле оштетени за повеќе од 270 илјади евра. Наместо лекар, од друга страна на телефонот бил 26-годишен измамник, државјанин на Македонија, кој заврши зад решетки по експресна кривична обработка. Комората на семејни лекари на Хрватска апелираше до пациентите да не наседнуваат на лажните лекари кои им доаѓаат на прагот.