Во рамките на состанокот, РС Македонија, преку Министерството за финансии, за прв пат ќе го преземе претседавањето со ЦЕФ од Министерството за финансии на Црна Гора. Претседавањето ќе трае во наредниот едногодишен период.
За време на посетата, министерката Димитриеска-Кочоска ќе се сретне и со министерот за финансии на Црна Гора, Новица Вуковиќ, при што ќе се разговара за зајакнување на билатералната соработка во областа на јавните финансии.ЦЕФ е регионална организација која обезбедува поддршка за развој на капацитетите во управување со јавните финансии, даночната политика и администрација, како и централното банкарство преку обуки, семинари и програми со практична примена. Македонија има долгорочна соработка со оваа институција, особено во рамки на Академијата за јавни финансии, преку која успешно се реализираат програми за едукација и унапредување на јавниот сектор.