Проф. д-р Синиша Наумоски, член на советот на НБРМ и претставник на Хајделберг факултетот во Скопје овој петок во Бизнис муабети, говори за економските потреси во светот, по доаѓањето на Трамп, а сега и на идниот германски канцелар Мерц.
Наумоски вели дека индиректно имал средба со Мерц пред извесен период. За македонската дипломатска тактика да се подржи Трамп односно “новото нормално”, Нуамоски вели дека тоа е добра стратегија. Сепак, и покрај тоа што имаме многу замерки кон Европа, Наумоски апелира Македонија да се држи до Германија, затоа што 50% од нашиот извоз е во Германија. За македонската економија вели дека перформансите се добри, пари имаме, банките имаат многу пари и прават профити и секако денарот е стабилен.