САД денес поднесуваат нацрт-резолуција во ОН што користи помалку критички јазик кон целосната инвазија на Русија врз Украина од нацрт-резолуцијата што ја предложија Европската Унија и Украина. Имено, како што дознава „Слободен печат“, коспонзори на американската резолуцијата се и Грузија, Унгарија, Израел, но и Македонија. Резолуци на истата тема, но со построга реторика кон Русија, ќе предложат денес во исто време заедно Франција и Германија.
Она што е интересно е дека поголемиот дел од ЕУ членките ќе бидат за таа резолуција. Но, веројатно Словачка, Италија како ЕУ членки, и кандидатите за ЕУ, Србија, Црна Гора и Турција, ќе ја поддржат резолуцијата на САД.
View this post on Instagram