21.8 C
Скопје
10/05/2025 17:15
МАКТЕЛ

     

Македонија и ЕУ имаат ист проблем со свирепата меѓународна политика

      

ЕУ деновиве ја доживува македонската судбина: никако да ја разбере разликата помеѓу правото и политиката. Правото со кое владеат принципите и правдата а политиката која почива врз моќта и интересите. Занемарувајќи го второто и повикувајќи се на принципите на меѓународното право за неповредливоста на границите, Европа не ја признаваат суровата реалност на меѓународното општество на држави дека не е можно враќање на состојбите од пред руската инвазија на Украина. Некни, Урсула фон дер Лајен, пред европскиот парламент, го обелодени ставот на Комисијата со која председава, за нови милијарди евра воена поддршка за несреќната земја. Имено, во план кој треба да се реализира до 2030, ЕУ ќе „инвестира“ нови 500 милијарди долари за отпорот на Украинците. Значи, војната треба да трае барем уште пет години. Целта? Украина, согласно меѓународното право, да ги врати своите окупирани територии и да воспостави целосен суверенитет врз земјата. Воените аналитичари, пак, сметаат дека војната е веќе изгубена и дека, ако не се постигне мир сега, Украина ќе доживее тотален пораз на военото поле од несразмерно посилниот противник. Така, наместо да се сочува она што може да се сочува од Украина денес, војната би завршила со тотален пораз на земјата, а, со време, новата реалност на теренот ќе стане „новото право“. За младите животи на украинските војници Европа нема пресметки иако се претпоставува дека веќе еден милион се изгубени.

Која е логиката дека и без Америка, која сака да се повлече и да прогласи мир,исполнувајќи ги руските барања, Европа и Украина можат да издејствуваат победа, никој не знае. Веројатно се мисли дека Доналд Трамп, кој едно зборува денес а друго утре, конечно ќе се врати кон сојузниците во заеднички напор да се порази Русија. Потребно е,вели оваа логика, Европа да ја продолжи војната најдолго што може. Стравот од нуклеарен судир помеѓу Русија и Америка како да го нема. Пред некое време некогашниот шведски преиер и министер за надворешни работи Карл Билд изјави дека дури и Русија да фрли атомска бомба врз Украина, нема да избие нуклеарен конфликт помеѓу двете големи сили, што веројатно е точно. На Трамп, кој не сака војна, а кој и малку нормале би сакал да стане пепел, веројатно му е објаснето од генералите дека сите негови градби во бизнисот со недвижности ќе се пеплосаат заедно со поголемите американски градови. Споредувајќи ги тие свои градби со „уметност“, Трамп сигурно не би сакал да доживеат таква судбина.

   

Но, на американскиот претседател не му остануваат многу опции на располагање. Сега, кога не успеа да произведе мир „за 24 часа“, му остануваат само уште две опции: или да се повлече од војната и да ги остави Европејците и Украинците да се борат или да се врати на политиката на неговиот претходник Бајден и да бара нови пари од Конгресот за натамошно финансирање на војната. Втората опција е малку веројатна. Раководени од принципите на правдата и на меѓународното право големите евродски држави, како и Америка под Бајден, се спремни да се борат до последниот Украинец. Се прашувам дали би се определиле за мир сега кога би биле во прашање животите на млади Германци, Французи или Британци. Мислам, не. Тоа што Украинците се спремни да гинат е разбирливо – се работи за нивната татковина, но ова што го прават Европоејците, знаејќи дека војната е изгубена и дека следи тотална деструкција на Украина и на нејзините војски е феномен. Во светлината на овие свирепи факти изразени во воена, економска и друга моќ, повикувањето на меѓународното право на Украина да го врати својот суверенитет, е безумно. Можеби европските политичари ја споредуваат сегашната ситуација со попуштањето пред мегаломанијата на Хитлер во Втората светска војна и секој од нив сака да биде нов Черчил, ама светската ситуација е многу поинаква – ние живееме во нуклеарната ера а судир помеѓу нуклеарните сили е крај на човештвото. Затоа мирот е правиот пат, сега додека може да се спаси нешто. Сетете се само на повикот на починатиот папа Френсис до Украинците дека не треба да им е срам да истакнат бело знаме и да преговараат додека е време.

Слични маки со правото и политиката има и нашата држава. Политичарите не можат или не сакаат да ги разберат а потоа на народот и да му ги објаснат реалностите на меѓународната политика. Уште пред триесет и пет години, кога Грција го усплови нашето признавање од ЕЗ со промена на името, ние го имавме меѓународното право зад нас. Имено, право е на секоја држава да си го избере своето име, и неправда е на народ да му се наметнува име, но ЕЗ се повикуваше на реалностите на политиката: дека секоја држава-членка има право на вето. Сојузите, пак, се формираат за да ги бранат интересите на своите членки, ни беше објаснето. Фактот дека комисијата на Бадинтер, нивната комисија создадена од претседатели на нивните уставни судови, пресуди во наша корист, беше немоќен пред интересот на Грција и потребата Сојузот да си го брани единството. Децении подоцна, ние во Македонија одбиваме да ја разбереме ова дистинкција и се повикуваме на принципите на правото. Не прифаќаме неправда и точка. Добро, обичниот граѓанин во борба да донесе леб и млеко на масата на семејството, нема време да чита и анализира, ама политичарите би требало да знаат подобро. Или знаат па го злоупотребуваат патриотизмот за политички цели. Како да не постоело искуството со Грција, како да не гледаат што и се случува на Украина. Нашите политичари зборуваат за идеалниот свет на меѓународното право а не за реалниот свет на меѓународната политика. Не сум сигурен дека наидуваат на разбирање кај странските соговорници кои знаат подобро.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ беше пол со разбирање за нашата сегашна позиција во односите со ЕУ и Бугарија. Сите средства за масовно комуницирање ги објавија неговите зборови за правото на Македонија на свој став и за неприфаќање на се што доаѓа од Брисел. Но, никој не укажа на неговата забелешка дека на нашата претседателка, „професорица“ по право, како што се изрази, и укажал дека така не работи ЕУ. Во разговорите веројатно сакал да и каже дека Макијавели, во најдобрата смисла на зборот, а не некое звучно име на правник, е вистинскиот советник во политиката на секоја успешна државна политика. Значи, треба многу дипломатија од која се раѓаат мирољубиви решенија, а не повикување на правни норми. Дури да сме во се во право, ама баш во се, а не сме, мирот и како да се сочува народот е нјаважно. Една анегдота вели дека во Лондон има гробишта на чиј влез пишува:„Овде лежат оние кои имале предност (во сообраќајот)“.

Автор: Денко Малески

   

Најново

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Sase Ivanovski

Црква во служба на ѓаволот?!

Sase Ivanovski

Владата ги укинува меѓународните јазични сертификати за да ги легализира фалсификуваните дипломи, обвинува Левица

Sase Ivanovski

Мајка на дете кое загина во пожарот во Кочани одговори на обвинувањата дека протестите се политички: Засрамете се, останавме без деца. Имате ли срце?

Sase Ivanovski

Трае штрајкот со глад во струшкиот затвор: „Ќе продолжиме се додека не ни се вратат договорите за работа“

Sase Ivanovski

Биткоинот повторно силен – достигна вредност над 103.000 долари

Sase Ivanovski

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Sase Ivanovski

Мелони: Неопходно е итно триесетдневно примирје во Украина

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД

Sase Ivanovski

Ахмети предупредува: Одмаздата кон Албанците може да предизвика невиден бунт

Sase Ivanovski

Политико: Трамп учествувал на само 12 разузнавачки брифинзи од почетокот на мандатот

Sase Ivanovski

24-годишна девојка тешко повредена во сообраќајка на патот Валандово-Струмица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: Наместо Младински центар, во центарот на Прилеп сведоци сме на сцени од хорор филмови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО КИНА ИМА МЕСТО СО 7000 СКАЛИ КОИ СЕ КАЧУВААТ 5 ЧАСА

Sase Ivanovski

Жена пријавена за исчезната е пронајдена мртва во езерото Калиманци

Sase Ivanovski

Трамп објави дека Индија и Пакистан прогласиле мир

Sase Ivanovski

Пред споменикот на Горан Стојменовиќ се одбележа 10 години од „Диво Насеље“

Sase Ivanovski

Малолетник од Кочани споделувал експлицитни видеа од малолетно девојче

Sase Ivanovski

Уапсен маж од тетовско баран со потерница

Sase Ivanovski

Тажна вест од Србија: На 39 години почина поранешен кошаркарски репрезентативец

Sase Ivanovski

Макрон: Ќе има многу поостри санкции ако Москва не го прифати прекинот на огнот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожар во фабрика за хемиски производи во Барселона создаде токсичен облак

Sase Ivanovski

Левица: Владата ги укинува задолжителните меѓународни јазични сертификати за избор на директори

Sase Ivanovski

НАД 250 ВОЛОНТЕРИ ГО ИСЧИСТИЈА СКОПСКИОТ АКВАДУКТ, ЗАШТИТЕН СПОМЕНИК НА КУЛТУРАТА КОЈ СО ГОДИНИ Е ЗАТРУПАН СО ЃУБРЕ

Sase Ivanovski

Тошковски за убиството во Штип: Полицијата делуваше ефикасно, во тек се сослушувања на сведоци

Sase Ivanovski

Балканските земји се соочуваат со огромен дефицит на работници пред летната сезона

Sase Ivanovski

Триесетдневен притвор за петтемина осомничени за убиството во Штип

Sase Ivanovski

Иран ќе и достави на Русија ракетни лансери со краток дострел „Фатх-360“

Sase Ivanovski

Ѓуриќ: Александар Вучиќ нема да се соочи со ЕУ санкции поради посетата на Москва

Sase Ivanovski

Уапсен маж од Гостиварско кој возел автомобил со 2.17 промили алхокол во крвта

Sase Ivanovski

Уапсен стружанец кој пијан возел мотор и излетал од патот

Sase Ivanovski

САД и Кина во Женева ќе преговараат за намалување на царините

Sase Ivanovski

Гест на голем клуб: Ал-Келаифи подготвил специјално изненадување за сите вработени во ПСЖ

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: По улиците, време е и за „чистење“ на општините од фосилите на ДУИ

Sase Ivanovski

Родителите на жртвите од пожарот во Кочани одбија средба со Мицкоски во Владата

Sase Ivanovski

Граѓаните се жалат на недоставените фактури и на сумите на сметките за струја

Sase Ivanovski

Родителите на жртвите од пожарот во Кочани одбија средба со Мицкоски во Владата

Sase Ivanovski

Макрон, Мерц, Туск и Стармер вчера отпатуваа во Киев во знак на поддршка на Украина

Sase Ivanovski

Во Скопје утре се врши авионско попрскување против комарци

Sase Ivanovski

Отворена истрага против петмина за убиството во кафе-барот во Штип

Sase Ivanovski

Еквадорски банди во вооружена пресметка убиле 11 војници

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: За почисто Скопје – го чистиме Скопскиот Аквадукт во рамки на акцијата GENERALKA WEEKEND’25!

Sase Ivanovski

Санаториумот Дружба на архитектот Игор Василевски, со поглед на Црното Море во Јалта, Украина, е иконски пример на советскиот брутализам

Sase Ivanovski

Агелер: Честитки до нашата колешка Ивана Китановиќ за победничкиот дизајн „The Infinite Wave“

Sase Ivanovski

Новата социјална населба како втор најголем проект по електричниот јавен превоз ќе ослободи простор за 33.000 квадрати зелена површина за нов парк во Струмица…

Sase Ivanovski

Најплатениот комичар во светот вели дека мора да го прифатите одбивањето ако сакате да бидете успешни: „Тоа би требало да биде тешко“

Sase Ivanovski

Фотоволтаиците прават проблем во Македонија?! Минатиот викенд бил избегнат колапс на македонскиот електросистем

Sase Ivanovski

Апасиев од Москва…

Sase Ivanovski

Свежи цреши во Тинекс за само 1359 денари за килограм

Sase Ivanovski

ЗА ИЛИ ПРОТИВ – ГОСТИН: КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ

Sase Ivanovski

Љупчо Георгиевски: Најдобрите економски години за Македонија беа кога јас бев на власт | BM

Sase Ivanovski

„Само Вистина” со Виктор Грозданов и Столе Наумов

Sase Ivanovski

Филипче: Тажно е како Максо ги изневери сите тие илјадници гласачи кои се поранешни наши гласачи

Sase Ivanovski

Филипче: Очекувам за Скопје да извадиме личност со голем габарит и кредибилитет во јавноста

Sase Ivanovski

Филипче: Клиничкиот центар е тажна приказна, штета е што не испеавме како држава да изградиме нов клинички центар

Sase Ivanovski

Филипче: Единстваниот спас за македонското здравство е германскиот модел каде здравството е достапно а болниците се приватни

Sase Ivanovski

Филипче: Заев ја направи СДСМ победничка партија, јас сега гледам колкав е тоа предизвик

Sase Ivanovski

Филипче: Не верувам дека Заев и Мицкоски имаат комуникација

Sase Ivanovski

Филипче: Зоран Заев остави специфичен белег врз општеството, тој сега нема влијание врз политиките на СДСМ

Sase Ivanovski

Филипче: Визата во Дубаи ја добив затоа што требаше да работам во тамошна болница пред да станам лидер на СДСМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Страшна сцена во Италија: Гром удри на тренингот на Фиорентина, фудбалери се срушија на теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Димитар Апасиев: Пардон мај РАШН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трансфермаркет.мк: Македонија меѓу првите 15 земји што го воведоа УЕФА фитнес 🅰️ курсот!

Sase Ivanovski

Пукањето со огнено оружје вчеравечер во Штип било извршено од странски државјанин

Sase Ivanovski

Ново музичко патување со Индог и емисијата „Feel Good Beats“

Sase Ivanovski

Вучиќ и Фицо во антизападните наративи: „Најдолгиот пат“ на најдобрите руски пријатели

Sase Ivanovski

Русија ја одржа парадата по повод 80-годишнината од Денот на победата на Црвениот плоштад

Sase Ivanovski

Жена избегала од својот дом со своите деца поради несигурност и страв при вербални и физички закани од својот сопруг

Sase Ivanovski

СЗО: 5 милиони смртни случаи на светско ниво може да се спречат со физичка активност

Sase Ivanovski

Министерот за финансии на САД тврди дека трговскиот договор со Велика Британија ќе заштити до 150.000 работни места

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан меѓусебно се обвинуваат за напади

Sase Ivanovski

Амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас: Трагедијата во Кочани покажа што значи европска солидарност во пракса

Sase Ivanovski

Малолетничка дала 25.000 евра на соученици за да го заштити нејзиниот брат од ќотек

Sase Ivanovski

Дезинформации на Кремљ за Втората светска војна по повод Денот на победата 9 Мај

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Љутков е министер за култура и туризам

Sase Ivanovski

(ФОТО) Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова во присуство на основци од Скопје

Sase Ivanovski

СДСМ: Од Осака до Венеција – Љутков е министер за култура или министер за туризам?

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела

Sase Ivanovski

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на СВР Штип

Sase Ivanovski
Вчитувам....