Според податоците на „Global Firepower“ за 2025 година, Македонија е меѓу земјите со најмалку тенкови во своите одбранбени сили. Од 145 рангирани земји во светот, Македонија е на 102. место со 20 тенкови.
Русија е далеку пред Европа по бројот на тенкови – дури 5.750, по што следуваат Турција со 2.238 тенкови, додека Украина, и покрај воената состојба, има 1.114 тенкови, што ја става меѓу првите во Европа. Грција има дури 1.344 тенкови, што е повеќе од изненадувачки и е резултат на долгорочни воени инвестиции, првенствено поради тензиите со Турција. Полска располага со 614 тенкови, по што следат Германија-296, Шпанија-317, Романија-328 и Франција-215. Обединетото кралство располага со 227 тенкови. На просторот на Западен Балкан, Србија убедливо води со 262 тенкови со што значително ги надминува своите соседи. Хрватска има 75 тенкови, додека Босна и Херцеговина има 46, а Албанија 45. Како што стои во анализата, Црна Гора и Косово немаат тенкови.