Истражување на јавното мислење
Во периодот од 18 до 21 февруари 2025 година, во рамките на платформата „ОМНИБУС“
беше спроведена телефонска анкета на репрезентативен примерок од 1.150 испитаници од
целата територија на Република Северна Македонија. Анкетата беше насочена кон мерење на јавното мислење на граѓаните за процесот на евроинтеграции на Македонија, нивните ставови кон Европската унија, клучните предизвици и перспективите за иднината на државата во европското семејство. Целта на истражувањето беше да се добијат релевантни податоци за перцепциите и
искуствата на граѓаните во однос на пристапниот процес, оценката на ЕУ како партнер и факторите
што влијаат врз динамиката на интеграцијата. Анкетата беше дизајнирана да обезбеди анонимни одговори, гарантирајќи искреност и точност во резултатите.
Прашањата во анкетата беа формулирани така што ќе овозможат систематски увид во јавното мислење, покривајќи различни аспекти на евроинтеграциите. Вклучени беа:
квантификативни прашања со скали за мерење на ставови (на пример, од 1 до 5);
дихотомни прашања (да/не);
перцептивни прашања за тоа како граѓаните ја оценуваат моменталната состојба и идниот
развој на односите меѓу Македонија и ЕУ.
Овие методолошки пристапи овозможија детална анализа на трендовите, разликите во
перцепциите и клучните фактори што влијаат врз јавното мислење. Резултатите од анкетата покажуваат дека мнозинството граѓани се скептични во однос на евроинтеграциите, истакнувајќи го влијанието на политичките пречки, барањата на одредени земји-членки и двојните стандарди на ЕУ во процесот на проширување. Испитаниците посочуваат дека, иако влезот во ЕУ останува стратешка цел, нееднаквиот третман на Македонија и честите блокади го намалуваат нивниот ентузијазам за процесот.
Граѓаните идентификуваат дека ЕУ се соочува со внатрешни проблеми што се пренесуваат
на регионот, а значителен дел од испитаниците сметаат дека наместо Европеизација на Балканот,
се случува Балканизација на Европа. Довербата во европските институции останува на релативно
ниско ниво, а значителен број од граѓаните ја доведуваат во прашање искреноста на европските
политики кон регионот. Овие сознанија можат да послужат како основа за анализи и дискусии за иднината на македонскиот евроинтеграциски процес и можните стратегии за надминување на предизвиците што произлегуваат од него.
1. ДАЛИ СМЕТАТЕ ДЕКА ЕУ СЕ ДВИЖИ ВО ВИСТИНСКА НАСОКА?
Да: 17.6%
Не: 61.3%
Не знам: 21.1%
2. ДАЛИ СМЕТАТЕ ДЕКА ЕУ ГИ ТРЕТИРА СИТЕ ЗЕМЈИ-КАНДИДАТИ ЕДНАКВО?
Да: 24.8%
Не: 57.4%
Не знам: 17.8%
3. ДАЛИ СМЕТАТЕ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е НЕПРАВЕДНО ПОПРЕЧУВАНА НА ПАТОТ КОН ЕУ?
Да: 64.2%
Не: 19.7%
Не знам: 16.1%
4. КОЈ Е, СПОРЕД ВАС, ГЛАВНИОТ ФАКТОР ЗА ЗАБАВУВАЊЕ НА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ НА
МАКЕДОНИЈА?
Внатрешните политички проблеми: 27.5%
Влијанието на соседните држави: 46.3%
Строгите барања од ЕУ: 14.7%
Недостаток на политичка волја во Брисел: 8.9%
Друго: 2.6%
5. ДАЛИ МИСЛИТЕ ДЕКА МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ПРАВИ ДОВОЛНО ЗА ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА
МАКЕДОНИЈА КОН ЕУ?
Да: 54.6%
Не: 29.4%
Делумно: 16.0%
6. ДАЛИ СМЕТАТЕ ДЕКА ЕУ ИМА ДВОЈНИ СТАНДАРДИ ВО ОДНОС НА ПРОШИРУВАЊЕТО?
Да: 69.2%
Не: 14.8%
Не знам: 16.0%
7. ДАЛИ СМЕТАТЕ ДЕКА БАЛКАНОТ СТАНУВА ПОСЛИЧЕН НА ЕУ ИЛИ ДЕКА ЕУ СТАНУВА
ПОСЛИЧНА НА БАЛКАНОТ?
Балканот станува посличен на ЕУ: 22.7%
ЕУ станува послична на Балканот: 51.8%
Нема промена: 18.5%
Не знам: 7.0%
8. ДАЛИ СМЕТАТЕ ДЕКА КОНФЛИКТИТЕ И ИСТОРИСКИТЕ СПОРОВИ ОД БАЛКАНОТ СЕ
ПРЕНЕСУВААТ ВО РАМКИТЕ НА ЕУ?
Да, многу: 49.6%
Делумно: 34.3%
Не, воопшто: 16.1%
9. КАКО ГО ОЦЕНУВАТЕ ОДНОСОТ НА ЕУ КОН ПОЛИТИЧКИТЕ И ИСТОРИСКИТЕ СПОРОВИ НА
БАЛКАНОТ?
Објективен и праведен: 19.4%
Пристрасен кон одредени земји: 59.2%
Игнорирачки: 16.2%
Не знам: 5.2%
10. ДОКОЛКУ УТРЕ СЕ ОДРЖИ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ, КАКО БИ ГЛАСАЛЕ?
За: 47.3%
Против: 39.2%
Не знам: 13.5%