Македонската ракометна репрезентација со пораз од Франција, ги заврши настапите на Светското првенство кое се игра во Хрватска, Данска и Норвешка. Вечерва во Вараждин, Франција беше поуспешна со 32-25, и како првопласирана со максимален број на победи, Французите продолжуваат во 1/4 финалето. Македонија заврши на четвртото место на табелата во Главната фаза. Го заврши Мундијалот со два порази (Франција и Холандија), две победи (Катар и Гвинеја) и две ремија (Унгарија и Австрија).
Фотографија: ТВ 21