18.8 C
Скопје
09/05/2025 09:42
МАКТЕЛ

     

БОМБА НА ПЛУСИНФО: МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ПРЕД РАСКОЛ? Партениј молчи пред Велигден, Пендаровски потврди дека посредува меѓу МПЦ-ОА и Цариград

      

Не можам, не сакам и не смеам да откривам детали од разговорот со вселенскиот патријарх Вартоломеј, но ќе кажам само дека во поглед на условите што ни ги поставува Цариград, ништо не е променето уште од времето кога јас бев претседател на државата, изјави Стево Пендаровски за Плусинфо. Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), по добивањето на долгопосакуваниот Томос за автокефалност од Српската православна црква (СПЦ) во 2022 година, повторно се наоѓа пред потенцијална закана од нов раскол. Иако во јавноста владее впечаток дека црковното прашање конечно е затворено, последните политичко-црковни игри најавуваат дека опасноста од нова поделба на православните верници во Македонија е реална и непосредна. Коренот на новата црковна криза е несогласувањето на Вселенската патријаршија и на вселенскиот патријарх Вартоломеј со начинот на кој МПЦ-ОА ја доби својата автокефалност. Според Вартоломеј, единствениот легитимен и канонски прифатлив начин за добивање на Томосот е тој да биде издаден од Цариград, кој традиционално се смета за прв меѓу еднаквите во православниот свет, иако по ова прашање нема консензус помеѓу православните цркви. Ова, пак, не е едноставен технички или административен проблем, туку е сериозна закана за единството на МПЦ-ОА, особено што условите кои ги поставува Цариград се исклучително чувствителни за македонскиот народ и за црковната хиерархија.

Условите од Вселенската патријаршија се јасни и добро познати: МПЦ-ОА да го промени своето име со отстранување на терминот „македонска“ и да се откаже од својата дијаспора. Ваквото барање е целосно неприфатливо за огромното мнозинство верници и владици во земјата, кои сметаат дека ваквиот чекор ќе претставува сериозно нарушување на духовниот и на националниот идентитет на македонскиот народ. Дополнително, прифаќањето на ваквите услови би значело и откажување од значителен број верници кои живеат и кои дејствуваат надвор од државата. Пендаровски во мисија Во целата оваа приказна, случајно или не, се приклучи и поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски, кој очигледно се јавува како медијатор или посредник помеѓу Цариград и врвот на МПЦ-ОА.

Фото: Приватна архива на Фејсбук/Кабинет на г.г. Стефан

   

Средбата на Пендаровски со вселенскиот патријарх Вартоломеј во февруари во Истанбул, како и последователната средба со архиепископот г.г. Стефан во Скопје, го отвораат прашањето за вистинската улога на поранешниот претседател во оваа потенцијална криза. Иако овие средби се претставуваат како неформални, сепак, во црковните кругови веќе се зборува дека Пендаровски во Скопје го пренел барањето на Цариград за прифаќање на контроверзните услови. Од друга страна, пак, Пендаровски тврди дека токму г.г. Стефан го замолил да се сретне со вселенскиот патријарх Вартоломеј, за да се возобноват контактите помеѓу двете цркви. – Сосема случајно, во приватен разговор со архиепископот г.г. Стефан, паднавме на муабет за преговорите со Цариград, па тогаш дознав дека МПЦ-ОА целосно ги прекинала контактите со Вселенската патријаршија. Додека бев претседател на државата јас одржав неколку средби со патријархот Вартоломеј, па затоа и сега г.г. Стефан ме замоли неформално да се сретнам со патријархот. Разговорот го правевме во јануари, а јас веќе во февруари имав закажано семинар во Истанбул, па истото тоа патување го искористив и за средба со патријархот. Не можам, не сакам и не смеам да откривам детали од разговорот, но ќе кажам само дека во поглед на условите што ни ги поставува Цариград, ништо не е променето уште од времето кога јас бев претседател – ни изјави Пендаровски.

Кој ќе го наследи г. Тимотеј? Дополнителен елемент кој ја усложнува ситуацијата е испразнетото епископско место на Дебарско-кичевската епархија по смртта на г. Тимотеј. Во моментов, како негов можен наследник се споменува името на викарниот епископ антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир. Но, токму околу неговото именување се креираат разни сценарија и дилеми кои дополнително го зголемуваат ризикот од потенцијален раскол. Според извори во црковните кругови, именувањето на г. Партениј може да биде проследено со потези кои се во согласност со барањата на Вселенската патријаршија. Тие би подразбирале промена на името на МПЦ-ОА, како и признавање на Православната црква на Украина (ПЦУ), која исто така доби Томос од Цариград. Бездруго, признавањето на ПЦУ ќе подразбира стапување во раскол со најголемиот дел од православниот свет: со Руската православна црква (РПЦ), Украинската православна црква (УПЦ), Српската православна црква (СПЦ) и со други православни цркви. Ова сценарио е целосно неприфатливо за поголемиот дел од владиците на Синодот, што значи дека назначувањето на г. Партениј би можело да претставува значителен ризик за внатрешното единство.

Се обидовме да исконтактираме со владиката Партениј и во текот на вчерашниот ден испративме конкретни прашања на официјалната адреса на Бигорскиот манастир, но во одговорот што ни пристигна од Свештената бигорска обител беше наведено дека било „очигледно оти интересот ни бил насочен единствено кон неважни црковни политики во пресрет на празникот Велигден“.

„Нашата Свештена Обител, предводена од Епископот Антаниски г. Партениј, отсекогаш ја исполнува својата евангелска и благотворна мисија со највисоко чувство на верност и посветеност кон Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и во послушание кон институционалниот поредок“. Фото: Монтажа/Википедија

„Најпрво, станува збор за прашања кои не се во надлежност на нашиот Старец. Дополнително, евентуалните одговори на сите поставени прашања се во надлежност на САС на МПЦ-ОА, па би ве посоветувале да ги побарате од Синодот. Необично е и тоа што одговорите се бараат во исклучително кус временски рок – буквално ден за ден, дури за нецели 24 часа – што дополнително усложнува секакво одговорно и достоинствено постапување. Понатаму, прашањата што ги поставувате, за жал, делуваат тенденциозно, оттаму сомнежот за постоење на некаква позадина, и имаат потенцијал да внесат немир и вознемиреност, особено меѓу верниот народ, и тоа за нешта што се измислица. Односно, во прашањата се чувствува насоченост, која во реалноста е непостоечка. Поставувањето на вакви прашања токму во овие најсвети денови од Светата и Велика Четириесетница, односно во пресрет на Страсната Седмица, кога сиот христијански свет молитвено се подготвува да ја прослави Пасхата Господова – Воскресението Христово – само по себе е деликатно и парадоксално. Нашата Свештена Обител, предводена од Епископот Антаниски г. Партениј, отсекогаш ја исполнува својата евангелска и благотворна мисија со највисоко чувство на верност и посветеност кон Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и во послушание кон институционалниот поредок. Секојдневниот живот, труд и сведоштво на Братството на Манастирот претставуваат жива потврда за таа лојалност, како и за постојаните заложби за единство, помирување и духовен раст на православниот македонски народ и на другите православни во Македонија, под пастирската грижа на МПЦ-ОА, како и за градење мостови и конструктивни односи со сите останати верски и национални ентитети“, наведено е во одговорот.

За некакви тенденции на раскол, посочено е таму, ние навистина немаме никакви сознанија, ниту, пак, би можеле да се поврземе со нешто такво, бидејќи токму спротивното го сведочиме со самото наше постоење. Паралелна црква? Во случај да не се исполнат барањата на Цариград, според добро упатени извори, постои можност да се формира паралелна православна црква во Македонија, слично како што веќе беше направено во Украина. Оваа нова црква би била директно под јурисдикција на Вселенската патријаршија, а нејзин поглавар, според истите извори, би бил токму г. Партениј. Се зборува дека кон новата црква би можел да премине и мал дел од актуелните владици на МПЦ-ОА, што би довело до длабок и можеби непремостлив внатрешен раскол. Во однос на идејата за формирање паралелна православна црква во Македонија, воопшто не стана ни збор. На ниту една моја средба не сме паднале на таков муабет, а сигурен сум дека и Зоран Заев и Оливер Спасовски не разговарале за такво нешто. Стево ПендаровскиПоранешен претседател на државата

Формирањето на ваква паралелна православна структура во Македонија би имало катастрофални последици не само за верниците и за црквата туку и за националниот интегритет и за општествената стабилност во земјата. Сепак, Пендаровски тврди дека на средбата со Вартоломеј воопшто не била отворена темата за формирање паралелна православна црква во Македонија. – Јас само ги пренесов информациите што ги добив во Истанбул. Ни во минатото не влегував во преговори, ни сега кога веќе не сум претседател. Од тоа што можев да го заклучам, немаше воопшто никаква разлика од тоа што ми го кажа вселенскиот патријарх во 2021 и во 2023 година. Значи, мојата функција беше само да појдам, да прашам и да се обидам да ги возобновам контактите. Навистина не можам да откривам детали од разговорот со Вартоломеј, но мислам дека македонската јавност горе-долу знае за што се работи. Во однос на идејата за формирање паралелна православна црква во Македонија, воопшто не стана ни збор. На ниту една моја средба не сме паднале на таков муабет, а сигурен сум дека и Зоран Заев и Оливер Спасовски не разговарале за такво нешто – ни изјави Пендаровски. Извори блиски до г.г. Стефан тврдат дека ситуацијата е под контрола и дека засега не се очекуваат турбуленции.

– Нема да има радикализација, бидете сигурни во тоа. Многу шпекулации се шират, а всушност се работи само за безопасни алузии. Точно е дека Пендаровски се сретна со вселенскиот патријарх Вартоломеј и дека ги пренесе неговите пораки и услови кои се истите од пред неколку години. Ништо се нема променето, ни на лошо ни на добро – брифираат извори од црковниот врв на МПЦ-ОА. Единство или раздор? Митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар предупредува дека искуствата од Украина покажуваат дека формирањето паралелни цркви често резултира со долготрајни поделби меѓу верниците и со сериозно нарушување на единството на народот.

Владика Петар: Јас одговорно ви тврдам дека во нашата МПЦ-ОА не се раководиме по ничиј диктат и под ничие влијание. Секој обид за притисок е само доказ дека некои луѓе не работат во корист на единството, туку за разбивање на православието. Фото: Принтскрин

– Секоја црква си ги решава проблемите внатре во својата јурисдикција и никој однадвор нема право да врши притисок или да има некакво влијание. Порано или подоцна, таквото делување кое е спротивно на каноните ќе биде строго оценето, а најстрогата пресуда ќе ја донесе токму Божјиот суд. Јас одговорно ви тврдам дека во нашата МПЦ-ОА не се раководиме по ничиј диктат и под ничие влијание. Секој обид за притисок е само доказ дека некои луѓе не работат во корист на единството, туку за разбивање на православието. Ете, видете што се случи со Православната црква во Украина, која беше формирана токму од Цариград. Не даде никакви позитивни резултати, туку донесе нови поделби и удар врз православното единство. Се сеќавате, секретарот на Цариград еднаш изјави дека ист бил случајот на ПЦУ со Албанската православна црква (АПЦ). Но, тогаш веднаш реагираше АПЦ и рече дека нејзините епископи се канонски за разлика на епископите во ПЦУ. Затоа велам, целта е да се постигне и да се одржи единство, а очигледно целта на ПЦУ и на слични такви паралелни цркви е да се предизвика неединство во православието – објаснува г. Петар.

Во однос на идејата г. Партениј да ја добие функцијата епископ дебарско-кичевски и да стане член на Синодот со право на глас, владиката Петар изјави: – Партениј е саморасчинет владика и тоа веќе еднаш му го пишав преку СМС порака откако тој инсистираше да се помириме. Јас можам да се помирам со човек поради лични навреди, но не и со човек кој работи на раздор во црквата. Тој изврши упад во мојата епархија, ги прекрши каноните за кои се заколнал дека ќе ги почитува и со тоа си нанесе саморасчинување. Подоцна тој направи уште неколку упади, а последното што го стори е без одобрување на Синодот седна на тронот на упокоениот владика Тимотеј уште пред да биде погребан. Затоа ќе кажам, секој оној владика кој ќе го поддржи Партениј само ќе докаже дека во црквата владее хаос и безредие.

Каков „аманет“ остави г. Тимотеј?

Упокоениот митрополит дебарско-кичевски г. Тимотеј во една прилика изјави дека Православната црква на Украина (УПЦ) е безблагодатна црква, па порача: „сакаме единство со сите православни цркви, а не само со некои“.

– Ние сме најмлада црква, нека ја признаат другите ПЦУ, па после и ние ќе ја признаеме, не мора ние како последна црква да бидеме први во признавањето – изјави тогаш г. Тимотеј.

Во друга прилика тој исто така рече: „Православната црква на Украина е неканонска црква. Хиротонисани се без благодатна“, изјави г. Тимотеј. Одговорноста во моментов лежи на сите засегнати страни, особено на црковниот врв, кој мора мудро да ги разгледа сите опции и последици. Не помалку важна е и улогата на политичките и јавните фигури како Пендаровски, чија позиција и постапки ќе имаат големо влијание врз текот на настаните. Во наредниот период, јавноста со внимание ќе ги следи официјалните изјави и постапки на сите актери, како и одлуките на Синодот. Без сомнение, оваа потенцијална криза ќе претставува еден од најголемите тестови за зрелоста и за стабилноста на МПЦ-ОА, но и за националниот интегритет на државата. Од способноста на сите вклучени страни да се справат со предизвикот ќе зависи дали ќе се зачува единството на македонските православни верници, или ќе се влезе во нов, можеби уште поболен период на раскол и поделби.

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....