На денешниот меѓународен турнир во Јахорина, Босна и Херцеговина македонската репрезентација оствари одлични резултати.
На овој турнир во Јахорина учество земаа вкупно 600 борци од осум држави.Нашата репрезентација се закити со седум медали од кои три златни, еден сребрен и три бронзени медали.
Злато освоија Катерина Ацевска, Антонио Стојчевски и Марио Ангеловски, сребро има Марија Треневска, додека Зоран Колевски, АнаМарија Чапараткова и Стефан Гериќ дојдоа до бронзите.Македонската Џиу – Џица Федерација упатија честитки до натпреварувачите за нивните постигнати резултати и одлични борби.