Тие додадоа дека од Министерството за туризам на Израел добиле информација дека функционира морска рута од Ашдод до Лимасол (Кипар) (компанијата „Мано Шипинг“)
Според македонската амбасада, следниот брод со слободни места Краун Ирис(Crown Iris) планирано e да отплови од Ашдод напладне на 27 јуни (петок) и има капацитет за 1.500 патници, а картите се набавуваат директно од веб страната на компанијата (Mano Shipping).Оттаму апелираа дека сите Македонските државјани кои немаат никаков валиден пасош да се обратат до Амбасадата за добивање на Патен лист.