На 17.02.2025 година, амбасадорот Илбер Села придружуван од Румена Нестороска, прв секретар ја посети клиниката Рон во Бад Нојштад. Она што е специфично за Рон клиниката е дека таму работи високо квалификуван лекарски тим од македонски кардиолози, кардиохирурзи, неврохирурзи, психијатри, пулмолози, анестезиолози и друг медицински персонал предводен од Д-р. Горан Трајковски, кардиолог, шеф на амбулантното одделение. Болницата е со капацитет од околу 800 кревети. Амбасадата сака да упати голема благодарност до македонските доктори кои срдечно не примија и изразија голем интерес за соработка со матичната земја во областа на медицината. Голем благодарност до: Д-р. Горан Трајковски -кардиолог и директор во Центарот за медицинска нега во Бад Нојштад, Д-р. Емилија Јовановска Трајковска -психијатар и виш лекар во психосоматска Клиника, Д-р. Томе Ристов – кардиолог и виш лекар на клиниката за кардиологија,
Д-р. Лепосава Михајлоска -кардиолог и виш лекар на клиниката за кардиологија, Д-р. Ирена Кирова- невролог и виш лекар на клиниката за неврологија, Д-р. Гордана Трајчова Митреска- виш лекар на клиниката за анестезиологија, Д-р. Кирил Долдуров- кардиохирург и виш лекар на клиниката за кардиоваскуларни болести, Д-р. Даниел Арсовски- невролог и виш лекар на невролошката клиника, Д-р. Горан Ѓоргиев- невролог и специјалист по клиника за неврологија, Д-р. Натали Николоска – асистент доктор на клиниката за неврологија, Д-р Теа Михајлова – асистент доктор, Д-р. Христина Рибарска -асистент доктор на клиниката за анестезиологија и Д-р. Николина Димкова – асистент доктор во Психосоматска клиника. Македонскиот тим на доктори се дел од раководната структура на болницата, а дента иако не ги запознавме сепак се дел од врвниот им во Рон клиниката. Имено станува збор за, Д-р. Атанас Јанкуловски – кардиохирург, виш лекар на Клиниката за кардиоваскуларни болести, Д-р. Ѓоко Кучиноски-кардиохирург, специјалист на клиниката за кардиоваскуларни болести, Д-р. Татјана Дејкоска-анестезиолог, специјалист на Клиниката за анестезиологија, Д-р. Марија Ломан- доктор во Психосоматска Клиника, Д-р. Маја Арсова – доктор во психосоматска клиника, Д-р. Анита Дукоска Иваноска- пулмолог, специјалист во Торакален центар, Минерштат и Д-р. Јоана Ристов- пулмолог,специјалист во Thoraxzentrum Münnerstadt.