Драги љубители на уметноста, Од 9 до 31 мај, Скопје ќе зрачи со уникатна музичка енергија што обединува опера, балет и фестивалска магија. Фестивалот ќе го отвориме со Премиерата на „Риголето“, подготвена од италијанска продукција. Ода за моќта на љубовта ќе биде прикажана во балетската претстава „Лебедово Езеро“, на 15 мај. Вистинската сензација ќе се случи на 19 мај во операта „Набуко“ во која ќе настапи баритонот Луис Кансино, изведба што ретко се гледа во регионот.
Следуваат емотивната опера „Мадам Батерфлај“, мистичната опера „Турандот“ и свеченото затворање со грандиозната опера „Аида“. Одберете ја претставата која ви се допаѓа и доживејте ги магијата, емоциите и врвните оперски претстави преку само еден клик: https://t.ly/MajskiOperskiVeceri2025 За ексклузивни вести и понуди, приклучете се на #MOB Viber каналот: https://t.ly/MOBViber