Македонскиот евровизиски фан клуб ги додели своите поени за анкетата на ИНФЕ, меѓународната мрежа на фан клубови на Евровизија, формирана од 25 клуба ширум Европа. Како што објави Eurovoix News, македонските фанови најмногу поени, односно 12, и дале на Шпанија и претставничката Мелоди. Таа ќе настапи на Евровизија 2025 со песната ,,Esa Diva” за која вели дека е песна за жените кои ги поддржуваат жените. Потоа, македонските фанови доделиле десет поени за Малта, осум за Италија, седум за Грција, шест за Австрија, пет за Шведска, четири за Австралија, три за Албанија, два за Србија и еден поен за Црна Гора.
Поените од нашите фанови се всушност првите освоени поени на Австралија и Црна Гора на анкетата на ИНФЕ. Според поените од клубовите, фаворит за победа на Евровизија 2025 е Австрија, потоа следи Шведска, па Албанија. Инаку, Евровизија 2025 ќе се одржи во Базел, Швајцарија. Полуфиналните вечери се закажани на 13-ти и 15-ти мај, а пак големото финале е на 17-ти мај. Македонија не учествува трета година по ред, поради финансиска криза.
Вики Клинчарова