Пред неколку денови македонските портали масовно се потсмеваа со тврдењето на некој албански историчар дека Лионел Меси има албанско потекло, затоа што наводно неговите предци се иселиле од Албанија уште во 1883-та година. Тоа беше прогласено за виц на годината, траги комична изјава итн итн, и тоа истото беше пренесено од преку 100 портали во земјава…
А пази која иронија, во истиот тој тајминг, не еден од најгласните националистички портали одеше интервју со Македонка од Аргентина чија фамилија се иселиле од егејска македонија во Аргентина пред 100 години и жената не знаеше македонски но зборуваше како баба и зборела македонски и како имале македонски обичаи во Аргентина?!?!
Значи македонки може да се иселат од балканот ама Албанци не може да се иселат во Аргентина?!?! Која е ова шизофренија и албанофобија пуштена на најјако?! Како ќе реагираа порталите ако некој од Македонија тврдеше дека Меси можеби има македонско потекло или ако некој од Србија тврдеше дека тој има српско потекло, или можеби уште пореално хрватско ако се знае дека Аргентина имаше хрватица за претседателка ако не се лажам пред некое време, во Хрватска има многу голема хрватска заедница…
Колку сме полни со омраза кон Албанците и тоа е константа до ниво да не ја ни гледаме затоа што ни е секојдневие, таа омраза е во вицевите на К-15 во муабетите на маса во медиумите во емисиите на тв во политичките говори на митинзи и во собрание, омразата кон Албанците па би дотал и кон Бугарите е дел од кодот на македонците, тоа е дел од нашиот идентитет… Против тоа треба да се бориме затоа што омраза раѓа омраза, вербално насилство раѓа реакција а тоа на крај пак завршува со нешто лошо во реалниот живот, пак ќе загинат деца во автобуси или на трибини, пак ќе плаче некоја мајка…