Ракометната репрезентација на Македонија ја победи Литванија 26-17 и се пласираше на уште едно Европско првенство, осмо по ред. Македонските ракометари одиграа фантастичен меч и лесно и убедливо го совладаа противникот кој пак одлично влезе во мечот. Литванија на стартот имаше серија од 4-0, но како одминуваше натпреварот нашите ракометари брзо го свртеа резултатот. На полувремето беше 13-11 за ракометарите во црвени дресови.
Во вториот дел дојдовме до предност по која беше јасно дека Литванија нема што да бара во Скопје, Македонија играше одлична одбрана, одличен беше и нападот. Конечниот резултат гласеше 26-17. Мартин Томовски со десет одбрани повторно блескаше, најефикасни беа Кузмановски и Серафимов со по 5 голови