По повод 09ти Мај – Ден на Европа, заедно со потпретседателите на МК, Самуел Наумовски и Љупчо Смилев, извршниот директор на МК Владимир Бангиевски и шефот на РИШ Петре Трпкоски, ја имавме честа да ги примиме претставниците од Шведска – Christian Democratic Party, William Persson – председател на младинската партија, Hugo Svensson и Viktor Lindhe von Ehren – меѓународен комитет, од Данска – Venstre Anders Hansen – председател на Ungdomens Nordiska Råd и Steffen Sjorslev – меѓународен комитет.
Во таа прилика ги истакнавме двата клучни принципи на Македонски Концепт во поглед на интеграцијата на Македонија во ЕУ, самостоен настап во паралелен процес на проширување на Унијата со тој на нејзино внатрешно реформирање и поддршка на европскиот федерализам, како единствена ЕУ фундаменталистичка партија од Македонија.
Гостите имаа прилика неколку денови да се запознаат со изборниот процес во Македонија, да дадат поддршка на нашата кампања, да размениме искуства и ставоти по низа прашања. особено данскиот и шведскиот модел за реформи на јавната администрација – приоритетен проект на Македонски Концепт во следниот период, како дел од владината коалиција Твоја Македонија.
ЧЕСТИТ ДЕН НА ЕВРОПА на сите македонски граѓани!
Одиме во ЕУ забрзано и со сериозен пристап, НЕ како до сега!
Центар за комуникации и анализа
Македонски Концепт