Револтот на граѓаните е оправдан! Тие бараат правда, а ние мораме да ја испорачаме! Нема повеќе простор за одложување! Осудуваме секакво мешање на политичките партии во трагедијата на Фросина! СДСМ и Левица мора да престанат со непримерна злоупотреба на смртта на млада девојка за политички поени!
Бараме ТОТАЛНА РЕФОРМА НА СУДСТВОТО! Претседателот на Кривичниот суд и неговите судии соработници, мора да сносат одговорност! Време е за итно распуштање на Судскиот и Обвинителскиот совет и генерален реизбор на судии и обвинители – по мерит систем! Потребна е челична метла во Агенцијата за извршување санкции и Министерството за правда! Мафијата од институциите мора да си замине! Нема простор за оправдувања – правдата мора да биде испорачана!