ДУИ напаѓа затоа што не сака политичари кои се борат за македонските интереси! ДУИ сака политичари Македонци кои се спремни, за пари да тргуваат со националните интереси. Ние не сме такви. Тоа време помина! Македонски концепт констатира дека партијата ДУИ повторно покажува дека нејзината политичка агенда не е насочена кон соживот, реформи и европска интеграција, туку кон заштита на лични интереси и одбрана од промените кои доаѓаат. Кога ДУИ напаѓа и критикува некого, тоа е пофалба. Кога не напаѓа најкорумпираната партија во Македонија и пошироко, ние знаеме дека сме на права страна.
Последниот напад врз д-р Петар Богојески е директен доказ дека ДУИ не сака и не прифаќа политичари кои отворено, чесно и бескомпромисно се борат за македонските национални интереси. Наместо да се соочат со сопствениот придонес кон корупцијата, партизацијата и злоупотребата на европските фондови, тие избраа да напаѓаат човек чија мисија е токму – да стави крај на тие злоупотреби. Говорење вистина не е искажување навреди, кон никого, па ниту кон Албанци. Богојески напаѓа арамии и шовинисти, а се бори за полни граѓански права за сите етнички заедници и нов граѓански Устав на земјата. ДУИ е против граѓанска држава, затоа што сака мафијашка држава за себе.
ДУИ има проблем со вистината. Има проблем со редот и правдата. Има проблем со тоа што конечно некој ќе воведе еднакви правила за сите – без партиски привилегии и без „тренинг на магариња“ платен од европски пари. Македонски концепт не отстапува. Нема да се повлечеме пред оние кои сакаат да го задушат секој македонски став, секој слободен поединец и секој обид за вистинска реформа. Македонските интереси нема да бидат цензурирани. Европа не значи молк пред неправдата. Македонија ќе победи – со вистина, со храброст и со визија.
Центар за комуникации и анализа
Македонски Концепт
