Македонски Концепт изразува најостра осуда за иницијативата на Општина Тетово за преименување на веќе постоечки улици, особено во однос на можноста за доделување имиња на личности поврзани со фашистичкиот период или со конфликтот од 2001 година. Овој обид за историски ревизионизам е неприфатлив и претставува директен атак врз антифашистичките вредности, кои се темел на македонската државност. Враќањето на балистичката идеологија е антиЕУ чин што мора да биде санкциониран. Ширењето на неофашистички и етнички шовинистички наративи во албанската заедница во Македонија ја оддалечува земјата од европските вредности, додека поттикнувањето на верски исламистички радикализам носи трајна нестабилност и ја враќа Македонија векови наназад.
Иницијативата на Касами со право предизвика вознемиреност кај граѓаните, особено кај македонската етничка заедница, која стравува дека новите имиња ќе значат бришење на споменот за партизаните и борците против фашизмот. Категорично се спротивставуваме на какви било промени што би значеле елиминирање на имињата на улици што носат спомен на антифашистичката коалиција. Исто така, сметаме дека е целосно неприфатливо и спротивно на Уставот да се размислува за именување улици и јавни површини со имиња на фашисти и балисти, бидејќи нивната улога во историјата е јасно утврдена.
Градоначалникот Касами треба да знае дека имињата на улиците имаат своја историска и културна основа. Особено, улицата „Кавказка“ е именувана како знак на почит кон Албанците и нивното древно потекло од Кавказка Албанија. Обидот да се оспори овој историски факт е длабока навреда за нашите сограѓани Албанци и истото не му го препорачуваме. Отворањето на овие теми не е чекор кон иднината, туку поттикнување на стари рани од минатото. Ги повикуваме сите надлежни органи и институции да постапуваат со највисока одговорност и почит кон историјата и жртвите што се бореле за слободата и независноста на Македонија. Историјата не смее да биде предмет на политички манипулации или ревизии што ќе предизвикаат поделби и тензии меѓу граѓаните. Бараме од градоначалникот Касами итно да го прекине овој процес и да обезбеди дека сите одлуки ќе бидат донесени транспарентно, со вклучување на сите засегнати страни и со почит кон историските факти и вредности. Македонски Концепт останува посветен на зачувување на историското наследство, европските вредности и владеењето на правото.