18.8 C
Скопје
09/05/2025 09:42
МАКТЕЛ

     

Македонското студио „Фајнл Фронтиер Гејмс“ ги прекинува операциите за работа поради царините од САД врз Кина

      

Македонското студио за креирање на друштвени игри кое беше основано во 2014 година „Фајнл Фронтиер Гејмес“ (Final Frontier Games), задолжено за правење на неколку светски хитови во областа на друштвените игри, денес излегоа со соопштение дека ги прекинуваат своите операции за работа. Целата проблематика доаѓа од компанијата и издавачот на друштвени игри „CMON“ со седиште во Кина, компанија која на Фајнл Фронтиер Гејмс им имаат дадено побарано голема нарачка за кинеска локализација на играта „Merchants Cove“ (нова и се уште не издадена друштвена игра). Компанијата на студиото не ни платила за ниту едно производство на играта, и дополнително ја имаат прекинато целата комункација со македонското студио. Според нив, прекинот на комуникација и неисплаќањето доаѓа по воведување на новите царини од Американската влада кон Кина.

„Чекавме до последен момент да ги добиеме средствата од нив, со што ќе можевме да ја испорачаме играта Merchants Cove: Master Craft со нивните пари. Тој ден официјално помина… Фактот што не одговорија на бројни мејлови испратени до повеќе луѓе, вклучително и до еден од сопствениците на компанијата, ни кажува дека нема да ги видиме тие пари. Иако оваа сума можеби за нив е „ситница“, за нас предизвика домино ефект со катастрофални последици. Бидејќи не можеме да ја испорачаме таа игра, не можеме со чиста совест да го лансираме следниот наслов што беше планиран за наредната недела – знаејќи во која насока оди сето ова. Бидејќи таа кампања веќе не е опција, доминото почна да паѓа.“ стои во соопштението од студиото.

   

Најголемиот удар со кој што се соочува сега македонското студио е целосно отпуштање на сите вработени, после повеќе од 10 години активна работа. Група од голем број на луѓе со големи сонови и пасии, преку вечер остануваат без работа на позицијата што ја сакаат. Сите игри кои што досега се испорачани стојат во магацините на Центарите за испорака. Од студиото велат дека досега имале целосно разбирање за ситуацијата, но веќе започнале да испраќаат фактури за залихите што ги чуваме кај нив. Тие ќе почнат да го продаваат делот од залихите што не е од Кикстартер кампањата, за да ги покријат своите трошоци. „Банките започнаа да не бараат за да си го наплатат кредитот што го зедовме минатата година. За многу кратко време, малите парични резерви што ги имавме и капиталот во залиха во магацините почнаа да се трошат без никаков директен приход – банката мора да наплати, магацините мора да ја продаваат нашата роба – така што дури и да се случи тој неверојатен пресврт тие да одлучат да платат утре, се плашиме дека ќе биде предоцна.“, стои во соопштението.

„Не можеме доволно да ја нагласиме сериозноста на ситуацијата и ненадејниот пад на компанијата. Емотивно сме уништени, тажни, имаме празнина која ќе биде потребно многу време да се залечи – ако воопшто се залечи. До неодамна, уште ги финализиравме рекламите за следната кампања, разговаравме со рецензенти, Coloma влезе во продукција, ги развивавме идните проекти и склучувавме договор за дистрибуција со QML – нешто што ни недостасуваше 4 години… надевајќи се дека парите ќе пристигнат. Сите наши соништа и надежи исчезнаа. 10 семејства кои хранеа дома преку Final Frontier Games, кои имаа стабилни, креативни и добро платени работни места, сега се соочуваат со екстремна неизвесност и без финансиска стабилност. Навистина живееме во најмрачната можна верзија на иднината.“ известија од Фајнл Фронтиер Гејмс.

Што довело до ова? Според студиото првичните трошоци за транспорт требале да чинат околу 27.000 долари. Студиото имале 9 контејнери полни со игри, а цената по контејнер тогаш била околу 3.000 долари. До моментот кога Merchants Cove била ставена на бродовите за испорака, сметката што ја добиела студиото била околу 22.000 долари по контејнер. Во последните пресметувања, целиот трошок од 27.000 долари скокнал на околу 250.000 долари, каде што овде спаѓаат сите трошоци за достава на сите купувачи во сите земји околу светот. Тие трошоци целосно ги избришале профитите на студиото за таа игра, што морале да повлечат средства од други проекти, надевајќи се дека загубите ќе им сепокријат наскоро.

„За нашите останати проекти, особено овој, фабриката ни даде многу долг период за враќање на трошоците – практично го изработија проектот на свој трошок, а ние ќе ја отплатуваме сумата секогаш кога ќе оствариме профит, сè додека не се раздолжиме. Со планот за продукција на тие игри, и профитот од дополнителните примероци на Merchants Cove што планиравме да ги продаваме на дистрибутери, како и локализациските договори за Coloma и The Sixth Realm, требаше да има доволно средства за да се испорача овој проект. Реструктуирањето на компанијата беше започнато не само за да испорачаме што е ветено, туку и да го забрзаме времето на испорака на идните проекти и да се фокусираме на долгорочен раст. Повлековме повеќе работа внатре во тимот, потпишавме 6 одлични игри за наредните 3 години, дури водевме разговори со инвеститори кои сакаа да вложат во нашата визија. Целата 2024 ја поминавме во преговори и работа на реструктуирањето.“ стои во соопштението.

„Сите тие планови се срушија кога сфативме дека нема да можеме да ги наплатиме парите што ни се должат. Со локализациските партнери, условите се речиси секогаш следни: 50% од фактурата пред почетокот на продукција, 50% по нејзино завршување.“ се дополнија од студиото. Што ќе се случи со Фајнл Фронтиер Гејмс? Од студиото информираат дека не сакаат да бараат дополнителни средства од фановите за испорачување на оваа игра. Причина за ова е дека студиото не може да им гарантира на фановите дека нивните пари се безбедни и дека ќе помогнат во се ова. Имаат долгови кон магацините, големи кредит што банките веќе почнале да го наплатуваат. Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....