Хрватското крајбрежје секое лето е посакувана дестинација на македонските сезонски работници. Само минатата година над 10 илјади Македонци отишле на печалба во Хрватска.
Зголемената побарувачка за персонал во угостителството и туризмот придонесе за раст на платите, при што сезонците оваа година не прифаќаат понуди под 1.300 евра месечно. Работодавците се принудени да нудат подобри услови, вклучувајќи сместување и дополнителни бенефиции. Македонските работници имаат одлична репутација, а многу од нив се враќаат кај истите работодавачи. Очекувањата се дека трендот на зголемен интерес за сезонска работа ќе продолжи и оваа година.