Во куќа во Штип, во убаво опремена просторија со компјутери и електроника бил „домот“ на илегалното онлајн коцкање што го приредувале домаќините. Иако нерегистрираното коцкање се одвивало на интернет, сепак од ова „седиште“ организаторите ги поставувале кодираните имиња на учесниците и биле режисери на коцкарската забава за која наоѓале клиенти однапред и морало да бидат исклучиво Турци. Малку понастрана, во другиот дел од истата куќа пак, се наоѓал „пленот“ и заработката од ваквиот нечесен бизнис – бесни возила од брендовите „Ауди“, Порше Хибрид“, „Мерцедес Бенц“, „Мини купер“, половина килограм злато, моторцикли, четирицикли итн.
Сопствениците на „куќата за коцкање“ имале купено и три стана и две гаражи. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција нив ги товари дека изминатите 4 години, неовластено приредувале игри на среќа а црните пари ги переле на начин што купувале движен и недвижен имот – погоренаведениот. Додека се водела истрагата за овие две лица, паралелно имало постапка за уште двајца за перење пари. Едниот се спогодил и добил условна казна.
View this post on Instagram